Алегри: Факт е дека ние сме најсилниот тим во Италија, но тоа не е доволно

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри одржа прес-конференција пред првиот натпревар на „бјанконерите“ во Серија „А“ за новата сезона против Киево.

Искусниот стратег ја започнува својата петта сезона на чело на гигантот од Торино. Тој очекува голема битка во Калчото годинава.



- Оваа година ќе има многу интересна борба во Серија „А“. Во лигата има многу врвни играчи, еден од нив е Кристијано Роналдо. Ние дефинитивно го зајакнавме нашиот тим, но тоа го направија и нашите ривали. Не би рекол дека оваа сезона ќе биде потешка од минатата, но треба да притиснеме од самиот почеток. Факт е дека ние сме најсилниот тим во Италија, но тоа не е доволно, изјави тренерот на Јуве.

На прашањето дали оваа година конечно тимот ќе ја освои ЛШ, стратегот изјави: „Не може да се каже дека ова ќе биде годината кога ќе ја освоиме Шампионската лигата, освен ако не се пласираме во финалето, како што го направивме тоа во 2015 и 2017 година. За да се случи тоа, ние треба да работиме секој ден и да победуваме во нашите натпревари. Првата цел е да се излезе од групата“.

Алегри исто така обрна внимание на натпреварот на „старата дама“ против Киево.

- Роналдо ќе дебитира за Јуве против Киево. Можам да потврдам дека и Шчесни, Киелини, Пјаниќ, Кансело и Алекс Сандро ќе започнат од првата минута. Кристијано не е обичен играч. Неговата кариера е доказ за тоа. Сепак, важно е да се знае дека нема да освојуваме натпревари само затоа што е дел од Јуве, рече Алегри.

Италијанскиот специјалист се заблагодари на легендата Клаудио Маркизио, кој официјално го напушти тимот по 25 години со „црниот-белиот“ дрес.

- Благодарност до Маркизио за овие години на верна служба. Тој е одличен играч и одличен професионалец. Морам да кажам дека одлуката за раскинување на договорот беше взаемно договорена, заклучи тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...