Емери призна дека се обложувал против својот тим

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери во својата биографија призна дека се обложувал против неговиот тим. Се се случило кога Емери бил фудбалер во Толедо, кој се натпреварувал во „Сегунда“.

– Мојата кариера како фудбалер беше повеќе болна, отколку весела. Искрено, стравот отсекогаш бил вкоренет во мојот ум. Јас ќе ви дадам пример кога бев фудбалер во Толедо, јас и двајца пријатели секогаш се обложувавме. Ни претстоеше натпревар со Елче и јас се обложив за нивна победа. Тие беа фаворити и беше логично, вели Емери

Сепак приказната продолжува како тој се премислил.

– Кога требаше да уплатам, имаше девојка која работеше таму. Таа беше фан на Толедо. Таа беше шокирана и ме праша: „Како така победа за Елче? Како можеш да го направиш тоа?“ Всушност добив лекција од неа. Како можев да играм во натпревар, мислејќи дека ќе изгубиме. Тоа беше почеток на процесот на трансформација на мојот ум, додаде Емери.

Емери го презеде Арсенал летото 2018 година. Под негово водство, тимот од Лондон е четврти со 22 поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто горилата имаат големи ноздрви?
- Зашто имаат дебели прсти.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Од денес, 15 ноември, стапува на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15...
Верски календар
На денешен ден
42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тибериј, посинок...
1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција,...
1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи...
1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој...