Јувентус ја објави разделбата со Алегри

Италијанскиот шампион Јувентус на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на тренерот Масимилијано Алегри на крајот од сезоната.

Утре, Алегри ќе одржи прес-конференција заедно со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.



Претходно стана познато дека преговорите на торинскиот клуб со 51-годишен италијански фудбалски експерт за продолжување на соработката не донесоа резултати. Беше објавено дека клубот е подготвен да му ја зголеми плата на 7,5 милиони евра годишно.

Алегри го предводеше Јувентус од летото 2014 година. За ова време клубот стана шампион на Италија пет пати, два пати стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Оваа сезона тимот стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Ајакс (1:1 и 1:2).

Како најсериозен кандидат за наследник на Алегри на клупата на Јуве се споменува Симоне Инзаги кој оваа сезона со Лацио го освои Купот на Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...