Барса го одложува трансферот на Гризман поради даноци

Од 1 јули натаму сите очекуваа Антоан Гризман во секој момент да пристигне во Барселона и да биде претставен официјално. Причината е дека од тогаш клаузулата за раскинување на договорот му се намалува од 200 на 120 милиони евра, а фудбалерот има принципиелен договор со Каталонците.



Веќе 11 дена подоцна, Французинот се уште е во сопственост на Атлетико Мадрид, а сега стана јасно и зошто шампионите го „кочат“ со спроведувањето на договорот. Причината лежи во даночните власти на Шпанија.

Бидејќи предметната клаузула се активира во принцип, само кога играчот сам ќе ја поднесе предметната сума во Шпанската фудбалска лига, раководството на Барселона гледа како да ги заврши работите, така што да не навлече проблеми на играчот со државната каса.

Во законот има посебна точка која ослободува од ДДВ слични трансакции по ослободување на фудбалери од нивните обврски кон одреден клуб. Сега Каталонците испитуваат сè, за да не донесат дополнителни даноци на грб на Французинот, но се очекува до крајот на неделава сè да заврши.

Напаѓачот има одмор до утре, 12 јули, кога треба да се појави на кампот на Атлетико. Се очекува, сепак токму во утре клаузулата да биде активирана, затоа што во текот на викендот тоа нема да се случи, бидејќи никој во Лигата не работи. Кога тоа ќе се случи, тој ќе се приклучи за стартот на пред сезонските подготовки на Каталонците, кои се закажани за 14 јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...