Клоп нема планови за големи трансфери

Европскиот клупски шампион Ливерпул не планира големи трансфери во текот на летото пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.

Менаџерот Јирген Клоп веќе го привлече 17-годишниот холандски дефанзивец Сеп ван ден Берг од Цволе, а со клубот се разделија Дени Ингс, Даниел Стариџ и Алберто Морено.



Крилото Алекс-Окслеид Чембрлен, кој ја пропушти речиси цела последна сезона заради повреда на коленото, веќе е подготвен за игра, а 19-годишниот напаѓач Рајан Брустер, кој е младински репрезентативец на Англија, исто така, навестува за место во првиот состав.

Брустер се уште го очекува официјално деби со тимот од Мерсисајд, но покажа доста квалитети во контролната средба против Транмеир.

– Тие се како нови засилувања за нас. Брустер, Окслеид-Чембрлен не играле минатата година, така што можеме да ги сметаме за нови играчи. Рајан Брустер е топ напаѓач. Многу се радувам што е кај нас. Верувам дека тој ќе игра важна улога во оваа година. Колку важна? Зависи и од него. Тој може да игра на различни позиции во нападот, вели тој.

Пазарот за привлекување играчи во Премиер лигата е отворен до 8-ми август

– Ќе видиме што ќе се случи, но јас не мислам дека ова ќе биде најголемиот трансфер прозорец на сите времиња, додаде Клоп.

Ливерпул има амбиција да се бори за титулата во Англија, откако минатата сезона остана на само бод зад шампионот Манчестер Сити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...