Суарез пролеа солзи: Го проголтав тоа што се случи

Напаѓачот Луис Суарез емотивно се прости од Барселона, но реши да не ја отвора темата зошто заминува. Тој се покажа како несакан од новиот тренер Роналд Куман и беше принуден да замине во Атлетико Мадрид и покрај фактот дека сакаше да остане на „Камп Ноу“.



33-годишниот Уругваец избра да не крева скандали за време на денешната прес-конференција и не се пожали на ништо. Тој дури се присети како „блаугранас“ го привлекоа пред шест години по грдиот инцидент од СП 2014, кога го гризна Италијанецот Џорџо Киелини. За инцидентот, Лучо тогаш беше казнет затоа што не играше неколку месеци, но Барса не ја изгуби довербата во него. Суарез потоа се врати со многу голови и 13 трофеи.

– Јас веќе го проголтав тоа што се случи (да биде избркан). Подготвен сум за нова фаза во мојата кариера и само сакам да и се заблагодарам на Барса. Јас сум многу горд на постигнатото тука. Сепак, не сум подготвил ништо за денес. Можам само да му се заблагодарам на клубот што ми веруваше во 2014 година по грешката што ја направив. Не беше лесно за клубот, но тука ме примија добро и ме третираа така. Го живеев сонот да играм во најдобриот тим и затоа е тешко сега да си заминам. Им благодарам на сите навивачи кои ме поддржаа. Моето семејство знае низ што сум поминал. Моите деца ме видоа да постигнувам голови покрај најдобрите во историјата на фудбалот. Сите Каталонци нека знаат дека во моето лице имаат уште еден „кулес“. Оставам многу пријатели. Денес не заминува само фудбалер, туку и човечко суштество со чувства. Сфаќам дека на крајот на сето ова треба да бидам горд, изјави Суарез низ солзи.

Уругваецот е играч на Атлетико веќе неколку часа, откако потпиша како слободен агент. Сепак, Барса може да добие бонуси до 6 милиони евра според различни клаузули.

Суарез го коментираше и обидот на Лионел Меси да си замине.

– Беше луд месец. Многу приказни беа измислени, во медиумите протекоа информации што не беа точни. Кога дојдов во клубот, ми рекоа дека Лео го сака најдоброто за себе. Но, вистината се покажа поинаква. И двајцата дадовме се од себе да му помогнеме на клубот. Секој ја знае врската помеѓу нас двајца, заврши напаѓачот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...