Жоржињо: За мене ќе биде чест да играм со Чех, претходно ова можев да го направам само на плејстејшен

Лондон, 22 октомври 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо ги сподели своите ставови во врска со вклучувањето во лондонскиот состав на 38-годишниот голман Петр Чех, кој се пензионираше во 2019 година.

– Мислам дека фактот дека Чех сега е со нас може многу да му помогне на тимот. Петр е легенда, тој е многу искусен, ќе помогне во соблекувалната и ќе може достоинствено да игра ако е потребно. За мене би било чест да излезам на теренот со него. Претходно, ова беше можно само на плејстејшен – го цитира „Мирор“ Жоржињо.

Петр Чех се врати во составот на Челзи како четврти голман. Тој ќе биде на голот на „сините“ доколку ниту еден од Кепа Аризабалага, Едуар Менди и Вили Кабаљеро, не биде во состојба да настапи. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...