Нејмар ги прекина преговорите со ПСЖ и може да се врати во Барселона

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар ги прекина преговорите со клубот за продолжување на договорот. Според „Мундо Депортиво“ 29-годишниот Бразилец може да се врати во Барселона, на која не и пречи да купи напаѓач ова лето.



Договорот на Нејмар истекува во 2022 година. Затоа, претстојниот преоден рок е последната шанса ПСЖ да добие пари за играчот, во спротивно тој ќе замине како слободен агент.

Да потсетиме, Нејмар претходно повеќе пати изјави за неговата желба да се врати во Барселона. Меѓутоа, неодамна ваквите разговори престанаа.

На 8 април беше објавено дека во блиска иднина Нејмар ќе потпише нов договор со ПСЖ, а пред еден месец фудбалерот наводно постигнал устен договор со управата за условите на новиот договор, кој би важел до 2026 година.

Оваа сезона, Нејмар има одиграно 21 натпревар за ПСЖ на сите турнири, постигна 13 погодоци и оствари две асистенции. ПСЖ ја елиминира Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Во четвртфиналето на првиот натпревар на гости, парижаните го совладаа Баерн Минхен со 3:2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...