Пивара Скопје со поддршка на македонските фудбалери на претстојното ЕП

Компанијата Пивара Скопје постигна договор со Фудбалската федерација на Македонија за поддршка на репрезентацијата на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули.



Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ искажа задоволство од партнерството со ФФМ.

– Исклучително сме среќни што како докажани партнери и поддржувачи на спортот, имаме можност да бидеме дел од оваа приказна. Сигурни сме дека фудбалерите ќе дадат максимум да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини. Ние ветуваме дека СКОПСКО ќе биде со нив и дека „пиварците“ заедно со многубројните фанови од срце ќе ги бодриме. Што се однесува до настапот на ЕП, ќе го кажам слоган на нашето партнерство „Се е можно“, истакна Сладиќ на заедничката прес-конференција.

Во знак на благодарност за партнерството, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, на Генералниот директор на Пивара Скопје, му предаде персонализиран дрес од македонската репрезентација.

– Радува фактот што еден од најпрепознатливите наши брендови, СКОПСКО, станува дел од фудбалското семејство. Веруваме дека заеднички ќе се радуваме на нови победи и ќе славиме со „На здравје – за нови победи“. Напред Македонија, рече Сејдини.

На денешниот настан премиерно беше прикажан и новиот спот и химната „Одиме на Европско“ од групата „Вис Рисови“ посветена на македонската репрезентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...