Јувентус побара од играчите да се согласат на одложување на платата за четири месеци

Сè уште актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус доживува финансиски проблеми поради ефектите од пандемијата на коронавирус. Торинскиот клуб ги замоли играчите да се согласат на 4-месечно одложување на исплатата на платата. Се работи за платите за месеците: март, април, мај и јуни, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Одговорот на играчите не е познат, но се шпекулира дека дел од нив нема да се согласат на ваквото барање од управата.

Минатата година, фудбалерите на Јувентус се согласија на одложена исплата, што му заштеди на клубот 90 милиони евра во соодветната финансиска година.

Јувентус на две кола до крајот во Серија А се наоѓа на 5.место со голема опасност да не влезе во Лигата на шампионите, нешто што дополнително би ја отежнало лошата финансиска состојба на клубот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...