Не успеваат Бразилци во Италија

Трансферните разочарувања во Серија "А" не беа едно или две. Ги имаше во сите италијански гиганти. Слабата игра на т.н. големи засилувања не се покажа фатална само за шампионот Интер, но одигра важна улога за очајната сезона на Милан и Рома. Веројатно долг е списокот на разочарувањата во Серија "А" минатата сезона, но овде ќе претставиме само десет од нив. Интересно е тоа што меѓу најлошите десет трансфери во Италија минатото лето дури четири се на бразилски фудбалери што е доказ дека, со исклучок на Кака, "кариоките" не успеваат во Серија "А" во последно време.

10. РОЛАНДО БЈАНКИ - ОД МАНЧЕСТЕР СИТИ ВО ТОРИНО

Во сезоната 2006/07 Роландо Бјанки постигна 18 гола со екипата на Реџина и беше херојот на екипата која успеа да обезбеди опстанок во Серија "А" и покрај тоа што ја почна сезоната со -11 бода поради учество во скандалот со "наместени" натпревари. Фантастичната сезона му обезбеди трансфер во Манчестер Сити, но таму не успеа да обезбеди место во стартната постава на Свен Горан Ериксон и затоа беше позајмен на Лацио.

Минатото лето потпиша со Торино, но беше само бледа сенка на оној фудбалер кој блескаше во Реџина иако очекувањата од него беа огромни. Торино испадна, па Бјанки летово можеби ќе си најде нов клуб.

9. ЖЕРЕМИ МЕНЕЗ - ОД МОНАКО ВО РОМА

"Новиот Зидан" сигурно нема долго да ја памети првата сезона во Рома и покрај тоа што имаше неколку блесоци во Серија "А". Во целина, дебитантската сезона на младиот француски офанзивен халф може да се оцени како разочарувачка, особено ако се земат предвид парите платени за него на Монако - 10,5 милиони евра. Очекувањата и надежите за тифозите на Рома дека во Менез имаат замена за Мансини се покажаа неоправдани, барем во првата сезона.

На стартот тој се обидуваше да се адаптира на италијанскиот фудбал и кога конечно изгледаше дека успеал - се повреди и забележа голем пад во формата. Потоа го загуби и местото во стартната постава и до крајот на сезоната не успеа да се врати во неа.

8. КРИСТИЈАН ПОУЛСЕН - ОД СЕВИЉА ВО ЈУВЕНТУС

Продажбата на данскиот репрезентативец не ја направи Севиља послаба, ниту, пак, Јувентус посилен. "Бјанконерите" платија 9,8 милиони евра за фудбалерот кој на ЕВРО 2004 беше плукнат од Франческо Тоти, а неговата годишна плата изнесуваше три милиони евра.

Настапите во дресот на Јувентус, сепак, не ги оправдаа очекувањата, па 29-годишниот Данец одигра само 25 натпревари во Серија "А" и постигна два гола, недоволно за да ја оправда довербата од Раниери.

7. АМАУРИ - ОД ПАЛЕРМО ВО ЈУВЕНТУС

Бразилецот добро ја почната сезона и одигра неколку квалитетни натпревар за Јувентус. Но, многу брзо се покажа дека оние 15,3 милиони евра кои ги плати "Старата дама" за поранешниот фудбалер на Палермо се премногу.

Еден од проблемите на Амаури беше тоа што е склон на повреди и пропушти голем број натпревари од овие причини. Ќе биде интересно да се види дали Диего во новата сезона ќе му помогне на својот сонародник да го зголеми бројот на голови.

6. МАТЈЕ ФЛАМИНИ - ОД АРСЕНАЛ ВО МИЛАН

Релативно добрите игри на францускиот халф во дресот на Арсенал го натераа раководството на Милан да го донесе на Сан Сиро и најдоброто од се беше тоа што доаѓа на Сан Сиро како слободен играч затоа што договорот со "росонерите" му истече. Но, Фламини ни оддалеку не ја оправда довербата.

Во првата полусезона ретко наоѓаше место во стартната постава, а и самиот тренер Карло Анчелоти постојано потенцираше дека е разочаран од неговите перформанси и работата на тренинзите. По Нова година неговата минутажа се зголеми, но само благодарение на големиот број повредени фудбалери во составот на Милан и долгите отсуства на најдобрите играчи меѓу кои Гатусо и Пирло.

5. ЖУЛИО БАПТИСТА - ОД РЕАЛ ВО РОМА

Сите го критикуваа раководството на Реал Мадрид дека го потценил бразилскиот репрезентативец и дека не му дал доволно шанса да ги покаже своите квалитети иако тој дојде на Бернабе од Севиља како најдобар стрелец во Примера. Но, откако Рома за него плати девет милиони евра стана јасно дека вината не била кај Реал туку кај самиот Баптиста, кој како да ја загуби мотивацијата откако го направи тој фамозен трансфер во "кралскиот клуб".

Далеку од тоа дека "Ѕверот" немаше неколку блескави изданија, дури и постигна неколку клучни голови како оние во дербито против Лацио или со Торино во последните моменти од мечот за победа од 2:1, но генерално неговата прва сезона во Италија може да се оцени како катастрофална. Можеби проблемот не е толку во неговите игри или малиот број постигнати голови бидејќи Баптиста подолго време беше и повреден, туку и во одлуката на Спалети на најголемиот број натпревари да не го користи како централен напаѓач, што е и најпосакуваната позиција на Бразилецот.

На дуелите со Арсенал во Лигата на шампионите стана јасно е дека Баптиста не е фудбалер за големи натпревари и дека не може да го води нападот во кој се уште Тоти и Вучиниќ.

4. АМАНТИНО МАНСИНИ - ОД РОМА ВО ИНТЕР

Најстрашно од се е тоа што овој трансфер уште откако беше замислен воопшто не изгледаше лошо. Мансини има големо искуство во Серија "А", квалитетите не му се спорни, а не смее да се заборави ниту фактот дека Интер минатото лето го донесе можеби најважниот фудбалер на главниот конкурент за титулата - Рома ако се изземе Тоти.

Токму напуштањето на Мансини беше една од главните причини за слабата сезона на Рома затоа што тој остави голема празнина во екипата. Но, од друга страна, Бразилецот сигурно не е една од причините Интер да ја одбрани титулата. Придонесот за четвртиот трофеј во Серија "А" по ред е еднаков на нула. А, за него, сепак, Интер потроши 12,5 милиони евра.

3. АНДРИЈ ШЕВЧЕНКО - ОД ЧЕЛЗИ ВО МИЛАН

Украинскиот голгетер се врати дома иако како позајмен од Челзи во надеж дека ќе ја препороди кариерата по слабите две сезони на Стемфорд Бриџ кога ја загуби репутацијата на безмилосен реализатор. Но, ако во Челзи и кај Мурињо и кај Аврам Грант понекогаш добиваше шанса во стартниот тим, минатата сезона остана закован на клупата кај Карло Анчелоти иако истиот тренер го направи ѕвезда тренирајќи го пет години претходно.

Наспроти оние над 200 гола во првиот престој, Шевченко лани постигна само два погодоци, и тоа еден во Купот на УЕФА и еден во Купот на Италија. Тоа значи дека вториот најдобар стрелец во историјата на Милан претходната сезона ниеднаш не се запишал во листата на стрелците по враќањето од Челзи.

2. РИКАРДО КВАРЕЗМА - ОД ПОРТО ВО ИНТЕР

Еден неуспешен трансфер е уште полош ако сумата платена за негова реализација е навистина сериозна. Сите знаеја дека Кварезма е талентиран фудбалери, блескаше во дресот на Порто и Интер за него плати 18,6 милиони евра најмногу на инсистирање на Жозе Мурињо.

Колку беше разочарувачко изданието на Португалецот во Интер потврдува и фактот дека Интер по неполни шест месеци одлучи да го прати Кварезма на позајмица во Челзи, но тој и таму не успеа да ги оправда средствата вложени за него.

1. РОНАЛДИЊО - ОД БАРСЕЛОНА ВО МИЛАН

Е, тоа е вистинско разочарување - кога поранешен најдобар светски фудбалер ќе одигра ужасна сезона во екипа како Милан, која пет години не може да освои шампионска титула во Италија. Не е прв ваков, пред него слично помина и Ривалдо, кој ја помина истата патека, но од Роналдињо навистина се очекуваше многу повеќе.

По 12 месеци од реализацијата на трансферот се поставува прашањето дали Роналдињо навистина му беше потребен на Милан ако се знае дека екипата располагаше со играчи како Кака и Сидорф. Во следната сезона на Сан Сиро ќе го нема Кака, но дали Роналдињо засекогаш не ги загубил своите магични способности.

Впечаток е дека тие 21 милиони евра што Милан ги даде за Роналдињо може да се инвестираат во помлад фудбалер како Диего, кој летово се пресели во Јувентус. Се разбира, допрва ќе разбереме дали Диего ќе блесне во Серија "А". Роналдињо дефинитивно не успеа, барем не во својата прва сезона во италијанското Калчо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...