Челзи ја зголеми понудата за Пирло

Екипата на Челзи нема намера да се откаже од услугите на плејмејкерот на Милан и италијанската репрезентација Андреа Пирло. "Сините" беа експресно одбиени од Милан иако во зделката ги понудија младиот Мајкл Мансиен на позајмица и искусниот напаѓач Клаудио Пизаро.

Сега екипата од Стемфорд Бриџ реши да ја зголеми својата понуда. Покрај двајцата играчи управата на Челзи ќе испрати и сума од 8,6 милиони фунти.

Иако Милан не попушта во своите намери, сепак, Челзи се надева дека ќе може да го убеди претседателот на италијанскиот клуб, Силвио Берлускони, кој најави дека неговиот тим ќе се осврне на млади сили и нема да чува ветерани. Иако Пизаро веќе има 30-години, а од друга страна на "црвено-црните" очајно им се потребни напаѓачи по пропаѓањето на трансферите на Џеко, Фабијано и Адебајор. Во Пизаро би добиле искусен играч кој би бил финансиско олеснување за клубот бидејќи би заработувал далеку помалку пари за разлика од Пирло.

Неофицијално се дознава дека Берлускони има намера да ја прифати оваа понуда, но ќе проба да изнуди барем уште два милиони фунти од англискиот џин за целосно да ја комплетира зделката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...