Стартуваат мини-подготовките за Катар

Македонската репрезентација преку собирот денеска во хотелот "Инекс Горица" во Охрид ги стартува мини подготовките за пријателскиот натпревар со Катар, кој на 11 октомври, со почеток од 14 часот го играме на националната арена "Филип 2 Македонски" во Скопје.

Селекторот Мирсад Јонуз повика вкупно 21 фудбалер, со четири нови имиња во однос на претходните репрезентативни собири, домашните Душан Савиќ и Глигор Глигоров, членот на новосадска Војводина, Марио Ѓуровски, како и повратникот во тимот, Роберт Попов од француски Оксер.

На првиот наш собир по крајот на квалификациите за СП 2010, Јонуз не ги повика поради моменталната форма Дарко Тасевски, Влатко Гроздановски и Роберт Петров, како и повредените Александар Васоски и Јане Николоски, додека Славчо Георгиевски не доби дозвола од корејскиот Улсан за настап на пријателската средба.

Според програмата, за време на престојот покрај охридското крајбрежје до сабота (10 октомври), за кога е предвидено доаѓањето во Скопје, националниот тим ќе одработи вкупно седум тренинзи. Првиот денеска на СРЦ "Билјанини извори" од 16 часот.

Утре, во базата во Охрид, во хотелот "Инекс Горица" од 12 часот Мирсад Јонуз ќе ја одржи и единствената прес-конференција за време на подготовките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...