Ќе се скенира формата на репрезентативците

Претстојните пријателски натпревари со Канада и Иран за селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз се добра можност да ја види формата на стандардните и потенцијалните репрезентативци.

- Добро е што во овој период имаме вакви два натпревара за да дознаеме во каква состојба се играчите. Ќе може да ја видам играта како на домашен, така и на гостински терен. Одлуката да играме во Струмица е добра. За саботниот натпревар со Канада владее големо интересирање. За средбата со Иран ќе кажам дека имам едно искуство од пред четири години и мислам дека и пријателскиот натпревар во Техеран ќе биде од корист,изјави Јонуз пред започнувањето на подготовките за пријателски натпревар со Канада.

Околу трендот за подмладувањето во репрезентацијата селекторот со став дека на секој повикан ќе му биде дадена шанса да се избори за место во составот.

- Искрено верувам во сите играчи што играа и кога селектор беше Катанец. Заедно со новоповиканите од кога сум јас селектор ќе формирам потесен круг на играчи во зависност од формата што ќе ја имаат во своите тимови. Се радувам кога играчите кои играат во странство се стандардни во своите екипи, рече шефот на стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација.

Селекторот со повик до сите репрезентативци кои имаат проблеми во матичните клубови до Нова Година да ги решат и да почнат да играат.

- Имам информација дека статусот на Пандев до крајот на годината ќе се реши и тој ќе заигра во некој клуб. Има и неколку други играчи како на пример Роберт Попов кој треба да се потрудат да заиграат во нивните клубови, доколку сакаат да играат во репрезентацијата. Само со настап во матичните клубови нивната форма ќе биде на ниво потребно за да го дадат максимумот во репрезентативниот дрес со што би изградиле една позитивна атмосфера во иднина.

Според Јонуз, во репрезентацијата не се оптоварени со ранг листата, туку со игрите кои ќе ги прикажат и добро е да се постигнуваат добри резултати, а како што рече, Македонија е на добар пат кон таквата цел.

За Горан Пандев играњето во Струмица е голема чест. Тој очекува одличен натпревар и победа на Македонија.

- Последен мој официјален одигран натпревар е со Катар. Тоа што не играм редовно е голем проблем за мене. Ми недостигаат натпревари и тоа е неспорно, но за репрезентацијата секогаш сум подготвен да го дадам максимумот и мислам дека ќе им помогнам на колегите. Очекувам во многу скоро време да се реши статусот во Лацио со мене и да се вратам на теренот, изјави Пандев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...