Три меча суспензија за Мурињо

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, е суспендиран на три меча и казнет со 35.000 евра поради навредувачките гестикулации кон судијата Паоло Таљавенто за време на натпреварот со Сампдорија кој заврши со непопуларниот резултат 0:0. Дисциплинската комисија ја прегледа снимката од мечот на кој Таљавенто исклучи двајца фудбалери на Интер, беше едногласна и реши да го казни Португалецот кој со вкрстени раце му порача на судијата дека местото му е во затвор. Веднаш по инцидентот реагираше и судиската организација која побара од Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) да реагира бидејќи во спротивен случај ќе преземат соодветни мерки против нив. ФИГЦ експресно донесе одлука, а покрај Мурињо исклучените Иван Кордоба и Волтер Самуел се суспендирани на еден меч додека, пак, заради предизвикани инциденти надвор од теренот по два меча пауза добија Естебан Камбијасо и Сулеј Мунтари. Казната стапува во сила веднаш, меѓутоа нема да влијае врз натпреварите од Лигата на шампионите против Челзи.

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Џанкарло Абете, остро го нападна Португалецот изјавувајќи дека тој е само штета за италијанскиот фудбал. "Ни треба капацитет за да оформиме култура во која ќе се респектира спортот, а нема да се мисли само на резултатите. Не ми се допаѓаат такви гестикулации и тонови. Кога ќе се премине црвената линија, тогаш е многу лошо за сите. Не сакам ваков фудбал бидејќи вакви работи не го прават поубав", изјави Абете.

Првиот човек на ФИГЦ не сакаше да го коментира судењето во италијанското првенство на кого сите имаат замерки и кое е причина за инцидентите во последно време. Особено тоа се однесува за Интер чие раководство тврди дека судиите во спрега со врвот на Федерацијата работат на уништување на клубот цела сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...