ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ (РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ)

Арсенал во невозможна мисија

Иако успеа да остане непоразена на Емирати пред седум дена, сепак, екипата на Арсенал ја очекува тешка мисија во обид по третпат во историјата да обезбеди место во полуфиналето од Лигата на шампионите. На претходниот меч "топчиите" беа тотално надиграни, а беа дополнително хендикепирани откако им се повредија Аршавин, Галас и капитенот Фабрегас, кој заработи скршеница поради која ќе отсуствува најмалку шест недели. Сепак стигнаа до изедначување и не му дозволија на противникот да обезбеди опиплива предност пред дуелот на Ноу Камп. Можеби Барселона е фаворит на вечерашниот меч, меѓутоа "топчиите" се потпираат на традицијата која вели дека европскиот шампион нема забележано победа дома на петте претходни средби со англиски екипи. Четирипати одиграле нерешено, а еднаш загубиле. Фудбалерите на Арсенал оваа недела се намачија во првенствениот меч со Вулверхемптон, но победија со гол во финишот и ја зголемија својата серија без пораз на девет натпревари, а што е најважно ги одржаа шансите за шампионската титула во Премиер-лигата. Поради повреда од тимот отпадна и Алекс Сонг, а тренерот Арсен Венгер ги положува сите надежи кон Николас Бендтнер и Самир Насри, единствените кои можат да го понесат тимот во нов успех.

"Поради големиот број повредени фудбалери не сме во можност на некакви комбинации. Многу очекувам од Насри, кој треба да ги раздвижува останатите играчи од средниот ред, но и од Бендтнер, кој треба да продолжи со головите. Мислам дека имаме состав со кој можеме да им ја искомпликуваме работата на Барса", изјави Венгер.

Единствената задача на Барселона вечерва е да не загуби или да не одигра реми со поголем резултат од 2:2. Актуелниот европски првак оваа сезона има само еден пораз на домашен терен, и тоа од Рубин во групата, а трипати триумфираше. Во минатата рунда го прегазија Штутгарт во меч во кој царуваше Лионел Меси, а токму Аргентинецот е главниот адут на тренерот Пеп Гвардиола, кој поради повреди не може да смета на Андрес Иниеста и Златан Ибрахимовиќ, а поради суспензии ќе недостасуваат дефанзивците Карлес Пујол и Жерар Пике. Швеѓанецот заработи повреда на листот на десната нога на загревањето пред првенствениот меч со Атлетик во саботата, а по лекарските прегледи е констатирано дека ќе мора да паузира една недела, што значи дека ќе биде во "аут" и за големото дерби со Реал Мадрид.

Па така дилемата за Гвардиола е дефанзивниот ред, но и нападот каде најверојатно покрај Меси ќе стартуваат Бојан Кркиќ (Тијери Анри) и Педро.

Ќе го надополнува отсуството на Красиќ - Алан Џагоев во дуел со Станковиќ од минатиот меч

ЦСКА без двајца стандардни првотимци ќе брка негатива од 1:0 против италијанскиот шампион Интер. Поради акумулирани жолти картони ќе отсуствуваат Милош Красиќ и Евгени Алдонин. И без нив ЦСКА сезонава покажа дека игра отворено и на голови, а денеска бодрена од својата фантастична публика ќе се обиде да стори неверојатен резултат.

Интер атакува на првото полуфинале по сезоната 2002/03. "Неро-азурите" имаат можност со Жозе Мурињо да стигнат и до титулата која би била трета во историјата на овој клуб, прва по 1965 година. Тимот ќе биде засилен со Тиаго Мота и Лусио, кои се враќаат по суспензиите, како и напаѓачот Марио Балотели, кој му се извини на Мурињо и веќе одигра еден меч, првенствениот со Болоња каде постигна и еден гол. Снајдер заработи повреда за време на тренингот во понеделникот меѓутоа според првичните информации ќе биде подготвен за натпреварот.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

Арсенал по 12 пат ќе ги одмери силите против шпански противник во европските купови, а 10 пат во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на каталонскиот клуб 70 пати шутирале кон голот на противникот, а притоа направиле 110 прекршоци.

Фудбалерите на Арсенал упатиле најмалку удари надвор од рамките на противничкиот гол (40).

Германецот Волфганг Штарк вечерва по четврти пат ќе им суди на Арсенал и Барселона. Со него на центарот "топчиите" забележале три победи, а "блауграна" двапати ремизирала и еднаш загубила.

ЦСКА досега одиграла четири натпревари против италијански екипи на домашен терен и забележала само една победа, над Парма во Купот на УЕФА во 2005 година.

Интер има седум гостувања во Русија и притоа трипати победувал, трипати ремизирал и само еднаш загубил.

ЦСКА примила 13 гола досега, најмногу од сите четвртфиналисти.

Фудбалерите на рускиот клуб биле уловени во офсајд осум пати, упатиле 39 удари кон голот и извеле 30 корнери, најмалку од сите учесници во четвртфиналето.

Интер има постигнато најмалку голови (11) и собрано најмногу жолти картони (23) од сите четвртфиналисти.

Францускиот судија Стефан Лано вторпат ќе и суди на ЦСКА, а првпат на Интер.

ЈУБИЛЕЈ

Екипата на Барселона вечерва ќе го одигра 50 дуел со англиска екипа во европските купови (не вклучувајќи ги финалните натпревари). Првиот меч го одиграл во далечната 1960 година во КЕШ против Вулверхемптон на Ноу Камп, а на 25 натпревар гостувал во Лондон против Челзи во 2000 година. Во досегашните 49 пресметки Барселона има забележано 19 победи, 17 нерешени средби и 13 порази, со гол-разлика од 79:60. Од нив три се против Арсенал и тоа двапати во групната фаза во 1999 година и еднаш минатата недела на Емирати. Покрај тоа Барса има одиграно и пет финални натпревари против англиски тимови од кои два во Лигата на шампионите, исто толку во Супер-купот на Европа и еден во поранешниот Куп на победниците на куповите (КПК).

КУРИОЗИТЕТ

Победникот на Лигата на Европа во 2005 година, ЦСКА Москва никогаш не стигнал до оваа фаза на Лигата на шампионите. Иако дебито во најелитното европско натпреварување го направил во 1992 година, ова е петто појавување во елитата, а интересно дури трипати не успеал да се квалификува. Ова е голема шанса ЦСКА да испише нова клупска историја и да го претстави квалитетот на рускиот фудбал воопшто. Доколку московскиот тим го мине Интер, ќе стане првиот руски клуб по нивниот градски ривал Спартак во 1991 година кој обезбедил место меѓу четирите најдобри во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...