"Златната топка" останува во Барселона

Вчера, на специјална прес-конференција ФИФА ги објави тројцата фудбалери кои ќе се борат за "Златна топка" за 2010 година. Сите тројца се играчи на Барселона, Андрес Иниеста, Лионел Меси и Чави. Вистинско изненадување е отсуството на Весли Снајдер, кој беше најзаслужен за трите титули на Интер (Лигата на шампионите, Серија "А" и Купот на Италија), а ја предводеше Холандија до финалето на Светското првенство во Јужна Африка постигнувајќи пет погодоци. Значи се остварија тврдењата на италијанските медиуми дека Холанѓанецот нема да ја добие наградата, што е шок со оглед на тоа дека беше фаворит за неа.

Ова е третпат во историјата тројцата кандидати за наградата да доаѓаат од ист клуб, нешто што претходно се случи со Милан во 1988 и 1989 година.

Кој до наградата? - Чави, Меси и Иниеста

Актуелниот освојувач на титулата, Меси, повторно е фаворит, а благодарение на светската титула со Шпанија Иниеста и Чави влегоа во потесниот круг. Чави минатата сезона беше трет, а Иниеста првпат е меѓу фаворитите. Доколку еден од нив победи, ќе стане вториот Шпанец кој ја освоил Златната топка по Луис Суарез во 1960 година. Инаку, фудбалерите на Барселона досега освоиле шест Златни топки.

Победникот ќе биде прогласен на 10 јануари 2011 година во Цирих, каде ќе гласаат 154 новинари и 208 тренери и капитени на тимовите во ФИФА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...