Комплетирање за дуелот со Камерун

Македонската репрезентација денеска, од 12 часот, во хотелот "Стоун Бриџ" во Скопје го стартува собирот за пријателскиот натпревар со Камерун кој на 9 февруари, од 17:30 часот (директен пренос на МТВ) не очекува на националната арена "Филип Втори Македонски".

По вчерашното пристигнување на дел од репрезентативците во главниот град за денеска се најавува комплетирањето на националните редови во пресрет на почетокот на мини-подготвителната сесија претстојниве два дена. 18 фудбалери се на списокот на селекторот Мирсад Јонуз за тест средбата со една од најдобрите репрезентации од црниот континент која треба да претставува за нас и генерална проверка пред мартовското продолжување на квалификациите за пласман на ЕП 2012 и дуелот против Република Ирска во Даблин.

"Составот на Камерун за нас е сигурно сериозна тест проверка пред продолжението на квалификациите. За натпреварот ќе го имаме на располагање составот кој во голема мера ќе биде и на квалификацискиот натпревар во март против Ирска. Дел од фудбалерите се во полна натпреварувачка форма, додека дел се уште се низ подготвителен циклус, но за сите подеднакво дуелот ќе биде проверка и на моменталната форма. Очекува одговорна, дисциплинирана игра од сите репрезентативци и сигурно со поддршка на навивачите да стигнеме и до позитивен резултат", вели пред собирот македонскиот селектор Мирсад Јонуз.

Од репрезентативците кои ќе бидат на располагање за дуелот од викендов во Скопје веќе се Наумоски, Митрески, Тричковски, Богатинов, Мојсов, Новески, Деспотовски..., додека останатите се комплетираат денеска. Од досега стандардните репрезентативци ќе недостасуваат единствено Горан Попов, кој откажа поради повреда, како и Марио Ѓуровски, кој се уште е без клуб во зимскиот преоден рок.

Веднаш по собирот од 15:30 часот, на игралиштето на ФК Работнички е закажан и првиот тренинг, додека вториот тренинг ќе биде утре, од 11:30 часот на националната арена "Филип Втори Македонски".

Според претходно договореното непосредно пред пријателскиот натпревар в среда од националниот дрес, по 33 одиграни официјални натпревари и два постигнати гола, ќе се збогува дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Александар Васоски. Искусниот стопер пред средбата од ФФМ ќе добие специјална плакета за неговата успешна репрезентативна кариера како и дрес со бројот 33.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...