Нема штедење на силите...

"Без разлика што се работи за пријателска средба секако секој сака триумф", велат капитените на денешните противници, Пандев и Ето

Во пресрет на денешната средба и од двете селекции на вчерашната прес-конференција одржана во хотелот "Александар Палас" со најава за максимално сериозен натпревар преку кој ќе се креира тимот и играта на двата тима за следните официјални предизвици...

"Нема воопшто штедење на силите... Јас како и секогаш заедно со соиграчите сме подготвени за максимален натпревар кога е во прашање македонската репрезентација. Без разлика што се работи за пријателска средба секако секој сака триумф. Победата на домашен терен пред нашите навивачи би била добра увертира за тоа што не очекува следниот месец против Ирска. Посебен предизвик е секако играта против Самуел Ето. Среќен сум што еден фудбалер како него е тука со нас, во Македонија", истакна капитенот на националите Горан Пандев на вчерашната средба со медиумите, заеднички одржана и со капитенот на Камерунците, Самуел Ето, како и нивниот селектор Хавиер Клементе.

"Мило ми е што сум во земјата на мојот соиграч од Интер, Горан Пандев. Од него дознав голем дел работи за Македонија и за фудбалот во неа. Искрено, не познавам по име некои други фудбалери од Македонија, но многу добро сум запознаен со играта на селекцијата. Знам дека се работи за квалитетен тим поради што не очекува тежок тест дуел. Ова е значаен дуел за нас, без разлика што е контролна средба, затоа што ова е единствената вистинска можност нашиот тим да се тестира за тоа што не очекува идниот месец низ квалификациите. Затоа го очекуваме крајно сериозно", истакна офанзивецот на Интер, надополнувајќи се на размислувањето на селекторот на африканските "лавови", Шпанецот Хавиер Клементе.

"Со натпреварот против Македонија добиваме квалитетна проверка за тимот. Средбата ни е и тоа како важна затоа што треба да ни ја даде сликата за следните официјални натпревари кои не очекуваат. Познавам неколку фудбалери од Македонија кои настапуваат во поквалитетните европски тимови, па знам дека и по тоа знам дека двете селекции ќе пружат добар натпревар пред македонската публика за која од претходно знам дека знае да создаде одличен амбиент на стадионот во Скопје", истакна Клементе, кој по вторпат е во Скопје откако претходно низ првите наши независни квалификации за ЕП 1996 на 12 октомври 1994 година ја предводеше Шпанија до победата од 0:2 во Скопје.

"Правејќи паралела од тогаш и сега, знам дека во 1994 година бев со тим воигран кој подолго го познавав па можеби полесно стигнавме до победата, а сега сме во фаза на креирање на играта и сигурно ќе биде тежок натпревар за нас", дополни Клементе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...