Рој Хоџсон разочаран од одлуката на Џон Тери

Англискиот селектор Рој Хоџсон изјави дека е разочаран од одлуката на Џон Тери да се збогува со националниот дрес.

- Сакам да му се заблагодарам на Тери за сето она што тој го направи за тимот од кога дојдов на чело на репрезентацијата, се разбира дека сум разочаран, бидејќи загубивме квалитетен и искусен играч.

Тери во неделата ја шокираше јавноста со изјавата дека ја завршува репрезентативната кариера, лут на фудбалската асоцијација (ФА) која се’уште води дисциплинска постапка против него, иако судот во Лондон го ослободи од обвинувањата дека минатата година го навредил играчот на Квинс Парк Ренџерс, Антон Фердинанд на расна основа.

Тери го имаше своето деби за Англија во 2003 година на пријателски натпревар против Србија и Црна Гора, а во репрезентативниот дрес настапи на 78 натпревари и постигна шест гола.

Ако биде прогласен за виновен од Комисијата на ФА, 31-годишниот играч на Челзи би можел да добие осум или повеќе натпревари суспензија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...