Без Пандев и Новески против Словенија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски денеска го објави списокот на играчи за пријателскиот натпревар со селекцијата на Словенија кој е предвиден да се одигра на 14 ноември во Скопје.

На списокот на Јаневски се наоѓаат:

Голмани: Мартин Богатинов и Томе Пачовски.

Одбрана: Бобан Грнчаров, Александар Тодоровски, Даниел Георѓиевски, Мите Цикарски, Ванче Шиков, Бојан Марковски и Александар Лазевски.

Среден ред: Дејан Блажевски, Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Ферхан Хасани и Дарко Тасевски.

Напад: Александар Трајковски, Иван Тричковски, Агим Ибраими, Драган Георѓиев, Мирко Ивановски и Адис Јаховиќ.

Македонскиот селектор ги ослободи од обврски за овој натпревар Горан Пандев и Николче Новески.

- За дуелот со Словенија, Пандев и Новески се ослободени од обврските по барање на нивните клубови. Наполи и Мајнц имаат тежок распоред во следниот период, го прифативме нивното барање, нашиот однос со клубовите исто така мора да биде на високо ниво, изјави Јаневски.

Тој очекува од нови играчи (Цикарски, Блажевски, Јаховиќ) да ја оправдаат довербата.

- Повик добија неколку нови фудбалери. Нивната натпреварувачка форма ни дава надеж дека на нив ќе може сериозно да сметаме во иднина. Доколку новите играчи го потврдат репрезентативниот квалитет ќе го зголемат изборот на играчи со кои располагаме. Се надевам дека ќе ја оправдаат довербата, нагласи Јаневски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...