(Без)идејност или тактика на ФФМ?

Македонската фудбалска репрезентација влезе во вториот месец без селектор. Чедомир Јаневски замина пред двата последни меча во квалификациите за СП 2014, како в.д. за Велс и Србија беше назначен Зоран Стратев. Од дебаклот од северниот сосед во Јагодина немаме кормилар, но отсуствуваат и најави дека нешто ќе се смени во скоро време.

Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се молчи за правците по кои ќе трага за нов предводник на националниот тим, каков профил е потребен и со какви очекувања ќе го добие работното место. Раководството на ФФМ, одвреме-навреме, состаночи со потенцијални кандидати без претходни најави и по нив објаснувања како минале средбите, дали страните се блиску до договор или ако не што е причината за разидување. Од она што е познато, засега, разговори се водени со двајца македонски стручњаци - Ѓоко Хаџиевски (има ангажман во Саудиска Арабија) и Бошко Ѓуровски (се уште со обврски кон Нагоја во Јапонија) и еден странец - Христо Стоичков (без ангажман). Списокот на интересенти, сепак, е долг. Во кулоарите се присутни и Шпанци (Виктор Муњоз), Германци (Клаус Топмелер, Лотар Матеус), Срби (Илија Петковиќ), тренери од БиХ (Мехо Кордо), итн... Спинови или реалност не знаеме, но јасно е како ден дека кој и да седне во жешката репрезентативна фотелја, лесно нема да му биде. Сумата што може да ја понуди ФФМ за селектор во моментот, неофицијално, е околу 8.000 евра.

Прва задача е да ја врати атмосферата во соблекувалната, да ја подигне самодовербата на фудбалерите, да се обиде да го преиначи одлуката за повлекување на Горан Пандев иако капитенот од Неапол веќе испрати допис дека става крај на репрезентативната кариера, да го врати Горан Попов од ВБА... Обврски еден куп, а згора на тоа ќе треба и да пресече дали ќе оди со подмладување во циклусот за ЕП 2016 или смената на генерации ќе оди постепено и ќе кулминира во кампањата за СП 2018. Поради испразнетата позиција на клупата, Македонија го пропушти и ноемврискиот термин на УЕФА за одигрување на пријателски мечеви. Времето одминува. За неполни две недели од денеска е закажана ждрепката за групите за мундијалот во Бразил, во февруари, пак, ќе се формираат квалификациските друштва за континенталниот турнир во Франција по три години.

Кој знае, можеби во македонската Куќа на фудбалот се тактизира со изборот на селектор до најкусиот месец во календарската година. Можеби е интенција да се види конкуренцијата, да се направи пресметка за финансискиот бенефит од неа, па оттука да следува и „пуштање на нозете колку што е долга чергата“. Ексик нека е се ако навистина се готви нешто и се работи рационално и посветено на проблемот. Таинственоста при изборот дополнително го подгрева амбиентот и очекувањата. Само да не биде трошење време на фотографирања без конкретни чекори. Олеснителна околност за ФФМ е што до февруари не се предвидени термини за официјални контролни средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...