Бенитез го сели Пандев на „Енфилд“?

Тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез, посакува да го реши голманското прашање со тоа што ќе го откупи целиот договор на Пепе Реина од Ливерпул. Моментално Шпанецот како позајмен настапува во Неапол, а англискиот тим бара 20 милиони евра отштета за чуварот на мрежата. Со оглед дека Бенитез не е подготвен да одвои толку голема сума, планира да го испрати нашиот фудбалер Горан Пандев на Енфилд и плус да даде пари за да го ангажира Реина. Сепак, менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, ги бара од Наполи Валон Бехрами или Гохан Инлер, додека Бенитез не е подготвен на таква зделка.

Ова е најновата шпекулација кога станува збор за трансферот на Горан Пандев, кој е сè поблиску од напуштање на Неапол и преселба во друг тим, па дури и друго првенство. Се споменуваше Зенит како најсериозен во намерите да го ангажира најдобриот македонски фудбалер, иако има и други варијанти. Останува да се види дали во летниот преоден рок Пандев ќе го напушти Наполи или ќе остане верен на овој тим со кој е веќе две години. Токму кога Бенитез беше тренер, Пандев си замина од Интер и се пресели кај „Наполитанците“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...