Со сите сили по Симеоне и Коста

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е посакуван од Монако, а тој би можел да се пресели во овој тим во пакет заедно со Диего Коста.

За сопственикот на Монако парите не се никаков проблем и потребната отштета Диего Коста ќе биде платена без проблеми. Сумата која се подготвува во Монако е 38 милиони евра. Покрај тоа плус за овој трансфер е и агентот на Диего Коста, Хорхе Мендеш, кој ги има реализирано најголемиот дел од трансферите во тимот на Монако.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е посакуван од неколку екипи. Сепак, тој е врзан со договор, а во клубот сигурно ќе сакаат да го задржат и во иднина, особено поради резултатите кои ги бележи со екипата. Тој веќе ја освои Лигата на Европа, а лани и Купот на Шпанија.

Во моментов Атлетико е лидер во Примера, а покрај тоа е во полуфиналето и од Лигата на шампионите. Ако успее да ги освои овие две круни тогаш ќе успее и да си ја крене цената уште повеќе, но сигурно и раководството на клубот нема да сака лесно да се раздели од него. Тоа ќе ја направи мисијата на Монако тешко изводлива.



И ЧЕЛЗИ СО ПОНУДА ЗА ДИЕГО КОСТА

Покрај тимот на Монако, понуда за Диего Коста се очекува да упати и Челзи. Жозе Мурињо доби 60 милиони евра од кои најголемиот дел треба да ги потроши за ангажман на натурализираниот Шпанец. Ова значи дека Монако добива сериозна конкуренција и дека ќе биде многу интересно во текот на летото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...