Голот на европскиот и германски фудбалски шампион Баерн Минхен следните две средби ќе го чува 20-годишниот Лукас Рајдер, член на вториот тим на Баварците кој се натпреварува во Регионалната лига.
Првиот голман на Баерн, Мануел Ноер поради повреда сигурно нема да брани уште најмалку два натпревара. Ноер го повреди бутниот мускул минатиот викенд во поразот од Борусија на домашен терен.
Вториот голман на германскиот шампион Том Старке веќе подолго време е повреден.
Баерн Минхен вечерва го игра второто полуфинале од германскиот куп против Кајзерслаутерн.
Од клубот се надеваат дека нивниот прв голман Ноер ќе биде подготвен за полуфиналниот меч со Реал во Мадрид закажан за 23 април.