За Суарез 110 милиони евра

Постои веројатност уругвајскиот напаѓач Луис Суарез да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната и да се пресели во Реал Мадрид и со тоа да го оствари својот сон од детството. Шпанските медиуми шпекулираат дека Реал Мадрид за фантастичниот напаѓач е подготвен да плати 110 милиони евра. Доколку овие најави се реализираат, тоа би го урнало сегашниот рекорд за трансфер на Герет Бејл од Тотенхем во мадридскиот тим за 100 милиони евра.

Според информациите пред три недели претседателот на Реал, Флорентино Перез, му понудил на Ливерпул 85 милиони евра за напаѓачот, што е одбиено, но сега понудата е повисока за 25 милиони евра. Освен тоа се наведува дека Перез ќе се обиде да го убеди Суарез да прејде на „Сантијаго Бернабе“ со неделна плата од 327,000 евра, за разлика од 242,000 евра што моментално ги добива во Ливерпул.

За ангажман на уругвајскиот репрезентативец мадриѓаните мораат да продадат дел од своите играчи. Па така на лето на трансфер листата би требало да се најдат Мората, Коентрао и Варан, а би била отворена можност да понуди за Икер Касиљас, Иско, Ди Марија и Кедира.

Англискиот клуб не би можел да остане имун на некоја непристојна понуда, а со тие пари можат да се направат многу работи за клубот, но од друга страна достојна замена за Суарез би било невозможно да се пронајде. Останува да почекаме да заврши Мундијалот во Бразил па да видиме како ќе дејствува Реал во преговорите со луѓето од Енфилд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...