Тотенхем следна дестинација за Пандев?

Италијанските медиуми блиски до тимот на Наполи и неговите раководни луѓе често знаат да исфрлат информација која е поврзана со играчите на овој клуб и нивната евентуална иднина таму. Па така, една од нив вели дека во следниот преоден рок Рафаел Бенитез, стратегот на Наполи, ќе биде фокусиран на доведувањето во своите редови на Ерик Ламела, еден од најталентираните млади играчи во светот кој по одличните игри во дресот на Рома направи голем трансфер во премиерлигашот Тотенхем. Сепак, Аргентинецот не се снајде најдобро на островото, речиси и не добива минутажа, па неговата желба да се врати во Италија е несомнена.

Тука би требало да стапи на сцена Наполи, кој има прекумерно голем број напаѓачи, и може да се откаже од дел од нив. Па така, во евентуалниот трансфер на Ламела, со оглед на неговата поприлично голема вредност ќе треба некој да замине во Лондон во обратен правец. Во прв ред секако дека е нашиот Горан Пандев, кој и така не е задоволен од статусот кој го има во Наполи, а веројатно и му треба нов предизвик наречен Премиер-лига на нашиот најдобар фудбалер. Освен тоа, Пандев и Тотенхем во минатото веќе беа поврзувани, а сега ете има и реални шанси тоа и да се оствари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...