Монтела со сите пари по Пандев

Горан Пандев е сè поблиску до трансфер во Фиорентина. Ова е веста која вчера беше објавена во медиумите во Италија, а потоа и пренесена и во Европа. Македонскиот фудбалски ас значи останува на „чизмата“, она што беше негова желба. А тоа значи дека и дефинитивно го напушта Наполи.

Имено, Пандев бил ставен на листата на желби на раководството и стручниот штаб на Фиорентина, на чело со Винченцо Монтела, во овој летен преоден рок. Преговорите веќе биле започнати, останува уште само да се прецизираат деталите. Инаку, Монтела инсистирал кај сопствениците на клубот, а тоа се браќата Дела Вале, токму Пандев да биде еден од оние кои ќе го засилат нападот на „виолетовите“ за наредната сезона. И секако Монтела, како и секој друг тренер, не го интересирале парите кои треба да му се исплатат на Наполи како отштета за да се добијат услугите на Пандев.

Како што велат добро упатените во овие преговори, висината на отштетата не била толкав проблем за Фиорентина колку што е годишната плата на нашиот ас. Секако дека Пандев ни по која цена нема да дозволи истата да му биде намалена, односно да игра за помалку пари во Фиорентита отколку што игра за Наполи. Сепак, според она што се случуваше во преодниот рок се чини дека Наполи нема да прави никакви проблеми со оглед на фактот дека го купи Мичу, а деновиве излезе веста дека го сака и Педро. Во случај овие најави да се остварат и Пандев деновиве да го официјализира трансферот во Фиорентина, тогаш клубот од Фиренца ќе биде четвртиот клуб во Серија „А“ во неговата кариера. Да потсетиме дека нашиот напаѓач досега го носеше дресот на Лацио, Интер и веќе споменатиот Наполи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...