Реал мора да нападне на „Висенте Калдерон“

Трофејот за Суперкупот на Шпанија од порано се знаеше дека ќе остане во престолнината Мадрид, но вечерва ќе се реши дали на него ќе се радуваат навивачите на Атлетико или тие на Реал Мадрид. Актуелниот првак Атлетико е во мала предност, бидејќи на првиот меч одигран на „Сантијаго Бернабеу“ остана непоразен и одигра 1:1. Сега пред своите навивачи на „Висенте Калдерон“ на Атлетико доволно му е да ги задржи почетините 0:0 за да се израдува на трофејот.

ВО ДЕФАНЗИВАТА Е СИЛАТА НА АТЛЕТИКО

Токму дефанзивата е главната одлика на Атлетико. „Јорганџиите“ со цврста игра во одбраната минатата сезона стигнаа до трофејот во шпанската Приемера и ја прекинаа „сушата“ од 18 години без трофеј во првенството. Сега се на прагот да го прекинат речиси тридеценискиот пост без радост во Суперкупот. Прв и засега единствен пат Атлетико беше освојувач на овој трофеј во далечната 1985 година. По таа титула, тимот иште четири пати играше во Суперкупот, но губеше во 1991,1992, 1996 и 2013 година.

На првиот меч Атлетико играше со длабока одбрана. Четворија беа во линија во дефанзивата, а уште четворица помагаа и ги попречуваа креативците на Реал на средината на теренот.

Атлетико има видно изменет тим од тој со кој лани стигна до трофејот, но тактиката и филозофијата на игра на тренерот Диего Симеоне е иста. Тој бара постојано трчање и затворање на секој дел од теренот, а со борбена игра стигна до одлични резултати. Тој вели дека неговиот тим ќе игра без калкулации и нема да го брани резултатот од првиот натпревар.

„Шансите остануваат 50-50. Двете екипи го посакуваат трофејот, бидејќи имаат реални шанси. Ние нема да се браниме и нема да размислуваме да го сочуваме резултатот од првиот меч“, рече Симеоне.

РОНАЛДО Е ПОДГОТВЕН ЗА РЕВАНШОТ

Реал Мадрид во пресрет на новата сезона го промовираше најскапиот состав во историјата на фудбалот. Стартните 11 на „кралскиот клуб“ вредат 450 милиони евра, буџет за кој може да сонуваат најголемиот дел од клубовите во светот. И покрај таквиот состав, Реал во првиот дуел на свој терен сезонава не победи. Имаше водство од 1:0 благодарение на голот на Џејмс Родригез, но Атлетико многу брзо израмни.

На тој меч, најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо одигра само едно полувреме, а потоа беше заменет поради болките што ги почувствувал во коленото. Иако да се подготви за реваншот имаше само три дена, Роналдо ќе биде во стартниот тим и вечерва на „Висенте Калдерон“.

„Роналдо е подготвен и тој ќе биде стартет и во реваншот. Тоа што ќе игра од почетокот не значи дека нема да има измени и дека ќе остане на теренот во текот на целиот дуел“, рече тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

„КРАЛЕВИТЕ“ ГО БРКААТ 10 ТРОФЕЈ

Реал мора да даде гол во реваншот ако сака да се надева на трофејот. „Кралевите“ во својата историја вкупно девет пати го освојувале трофејот, што значи дека сега имаат можност по јубилеен 10 пат да се израдуваат. Сите играчи на Реал се подготвени за големата битка против тимот кој го совладаа во финалето од Лигата на шампионите и токму тогаш се израдуваа на јубилејната 10 европска круна. Сега против истиот противник повторно го бркаат јубилејниот 10 пехар, но овојпат во Суперкупот на Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...