ШАМПИОНОТ ДОБИ ПРОТИВНИЦИ ЗА МИРЕН ПЛАСМАН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО, ДОДЕКА ГЛАВНИОТ РИВАЛ ОД „ЕЛ КЛАСИКО“ СО СИЛЕН РИВАЛ ВО ГРУПНАТА ФАЗА ОД ЛШ

ПСЖ налета на Барса, Реал со лесна задача

Златан Ибрахимовиќ повторно во центарот на вниманието бидејќи по третпат ќе игра против поранешните колеги од Барселона

Вчера во Монако беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите во која неколку фаворити за титулата добија противници со кои ќе донесат интересни пресметки во групната фаза.

Составите на Реал, Барселона, Баерн... се со најдобар рејтинг, но ќе имаат различен пат кон осминафиналето. Според нивните противници јасно е дека Реал е во подобра позиција, но ќе мора тоа и да се оправда на теренот.

ИБРА СЕ ВРАЌА НА „НОУ КАМП“

Златан Ибрахимовиќ со составот на ПСЖ повторно ќе биде на двобој со Барселона, што значи дека уште еднаш ќе се врати на „ Камп Ноу“. Барселона и ПСЖ ја сочинуваат групата во која ќе има еден од најинтересните двобои во битката за првото место. Ако се земе предвид дека другите тимови не би требало да се проблем бидејќи и Ајакс и Апоел заостануваат според квалитетот сосема извесно е дека Барса и ПСЖ во меѓусебните пресметки ќе одлучат кој ќе дојде до подобра позиција за осминафиналето.

Ибра двапати губеше во четвртфиналето од Барса. Првпат како играч на Милан во сезоната кога си замина од клубот од Шпанија, а вториот пат во 2012/13 како фудбалер на ПСЖ.

ГВАРДИОЛА И ПЕЛЕГРИНИ НА НОВ ДВОБОЈ

Ривалството меѓу Жозеп Гвардиола и Мануел Пелегрини кое трае веќе неколку години, а почна уште кога тие беа тренери во Шпанија ќе продолжи и во новата сезона од Лигата на шампионите. Баерн Минхен е во група со Манчестер Сити, а тоа носи интересни пресметки меѓу шампионите на Германија и Англија.

Пелегрини важи како редовен клиент на Гвардиола, па нема да биде ништо ново ако и во новата сезона Баерн биде подобар од Манчестер Сити.

JУВЕ ГО ДОБИ ВИЦЕШАМПИОНОТ

Атлетико Мадрид во својот нов обид да стигне до финале во Лигата на шампионите ќе тргне против составот на Јувентус. Шампионот на Италија со нов тренер, Масимилијано Алегри ќе има задача да успее да стигне до многу подобар резултат од досега. Ова ќе биде тешка задача, но дефинитивно Јувентус има одлична шанса да дојде до резултат со кој ќе потсети на минатото.

Иако тимот на Атлетико е изменет во однос на лани, сепак, сосема јасно е дека и во новата сезона ќе биде возбудливо и ќе има што да се види. Оттаму Јувентус и Олимпијакос ќе имаат тешка задача за да го предизвикаат носителот.

РЕАЛ ДОБИ ЛЕСНА ЗАДАЧА

Фудбалерите од таборот на Реал Мадрид ќе имаат полесна задача од очекувањата. Освен Ливерпул другите ривали гарантираат мирни средби и 12 поени. Ако се има предвид фактот дека Ливерпул се враќа по неколку сезони во ЛШ сосема јасно е дека тука тимот од Англија ќе има тешка задача да дојде до првото место. Шансата на Ливерпул е против Базел и Лудогорец.

Сепак, кога ќе се споредат титулите на Реал Мадрид и Ливерпул, јасно е дека двобојот на шампионите ќе биде максимално интересен.

„ТОПЧИИТЕ“ ЌЕ ПУКААТ КОН „МИЛИОНЕРИТЕ“

Арсенал успеа да се најде меѓу носителите, но не успеа да го избегне најсилниот состав од 2. шешир. Борусија Дортмунд ќе гостува уште еднаш во Англија во групната фаза, а тоа значи дека момците на Јирген Клоп ќе имаат ривали со кои ќе можат да имаат квалитетно одмерување на силите.

Со оглед на тоа кои се ривалите за очекување и двете екипи да поминат понатаму. Меѓутоа, ако се има предвид фактот дека во минатата сезона Галатасарај успеа да дојде до резултат со кој го елиминираше Јувентус тогаш и сега може да се очекува да има интересен епилог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...