Дел Боске: уште ги паметам 30-те минути од Скопје

Шпанија е голем фаворит во дуелот со Македонија. Сè освен победа за „Фуријата“ ќе биде голема сензација, и само продлабочување на кризата која почна со Светското првенство во Бразил кој „Фуријата“ ќе го памети по лошо. Отидоа да ја одбранат титулата, а на крајот завршија во групите, а онаа „катастрофа“ од Холандија никако не може да се заборави.

Но, покрај тој меч, на селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске, и натаму му е во „глава“ мечот во Скопје кога „Де Роха“ стигна едвај до победата во пријателскиот дуел со Македонија. Беше тоа еден од почетните натпревари на сегашниот шпански селектор кој за шпанските медиуми истакна дека и натаму не може да го заборави првиот дел од мечот.

„Македонија беше фуриозна во првите 30 минути кои и натаму ги паметам. Како само играа Македонците тогаш? Како беа мотивирани... За наша среќа, брзо се вративме. Имавме многу проблеми. Тие 30 минути никако не можам да ги заборавам. И ние одигравме слабо, но Македонија беше супериорна“, рече Дел Боске.

ПАНДЕВ ДВА ГОЛА, ПА ПОТОА ПРЕСВРТ

Најрасположен на таа средба беше Горан Пандев. Даде два гола, и ја „мешаше“ одбраната на чело со Пујол и на Пике, кои тогаш беа во голема форма. За само 33 минути Македонија имаше водство од 2:0, водство кое одекна како стрела во Европа. Меѓутоа, Шпанците потоа направија „фуриозен“ пресврт и за само неколку минути поведоа и на крајот го задржаа водството. Сега Пандев го нема во нашата селекција, и ќе ни биде многу потешко да им се спротивставиме. Особено што сега одиме на нивно тло, онаму каде што Шпанците се супериорни веќе една деценија.

ВНИМАТЕЛНИ СО СИТЕ

Селекторот на Шпанија предупредува на внимателност и покрај тоа што „Фуријата“ е во релативно лесна група, и од нив не само што се очекува да се пласираат на ЕВРО 2016 туку и да го подигнат трофејот.

„Не треба да потцениме никого и со сите треба да бидеме внимателни. Дури и со Луксембург. Го споменав тој натпревар со Македонија кој треба да биде поука. Нема веќе лесен противник, и нашиот приоритет е на секој меч да го дадеме максимумот. Да го визираме патот на шампионатот што порано, да не чекаме до последен момент. Подготвени сме да направиме нов успех“, вели Дел Боске.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...