„Граѓаните“ повикаа на револуција против Челзи

Две победи, пораз и реми е билансот на Манчестер Сити по првите четири кола во Премиер-лигата па дерби дуелот со Челзи е вистинска можност за рехабилитација и фаќање на победничка серија која ќе го доближи до врвот. По „тесниот“ пораз од Баерн во средата во рамките од Лигата на шампионите, „граѓаните“ се надеваат дека неделата ќе ја завршат со победа. Играчот од средниот ред Фернандињо вели дека пред екипата стои тежок противник кој има 100% ефект по првите четири кола.

„Тажни сме што загубивме од Баерн во финишот на мечот, но мора да се подигнеме и да вратиме со победа против Челзи викендов. Победа ќе биде вистинскиот начин да им се оддолжиме на навивачите и да ја подигнеме самодовербата за следните мечеви. Не смееме да загубиме бидејќи разликата со Челзи ќе скокне на осум поени, а тоа не е добро. Во Премиер-лигата важно е да се држи тимот поблиску до врвот на табелата бидејќи само така ќе се одржува и победничкиот менталитет“, изјави Фернандињо, кој даде пофални зборови за новите играчи Фабрегас и Диего Коста.

„Тие тргнаа одлично. Нивните нови играчи за брзо време го покажаа квалитетот. А тоа не е лесно во најсилната англиска лига“, додаде Бразилецот.

Минатата сезона Челзи двапати се радуваше против Манчестер Сити во Премиер-лигата, но трофејот, сепак, им припадна на „граѓаните“, кои имаа перфектен финиш на сезоната.

„Тоа е многу важен меч за нас. Тие се први во Премиер-лигата и имаат повеќе поени од нас. Иако е рана фаза, сепак, не смееме да дозволиме да ја зголемат бодовната разлика. Тоа може да се покаже како решавачки фактот на крајот“, вели Шпанецот во Сити, Давид Силва.

ДИЕГО КОСТА НЕ Е ВО НАЈДОБРА КОНДИЦИЈА

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, откри дека Диего Коста има повреда на тетивата на ногата, меѓутоа ќе игра против Манчестер Сити. Шпанецот влезе во второто полувреме на мечот со Шалке во Лигата на шампионите. Мурињо вели дека 25-годишниот напаѓач, кој постигна седум голови во четири натпревари неможе да одигра три натпревари во една недела. Коста ја влече повредата уште од почетокот на септември при подготовките со Шпанија, но и покрај тоа прикажа величествени партии.

„Ако играше против Шалке од почетокот ќе требаше да го заменам по 20-25 минути. Коста не е способен да одигра повеќе од еден меч неделно поради повреда на ногата. За жал, таква е работата. Го испративме во Шпанија здрав, се врати повреден. Тој не е во најдобра кондиција, меѓутоа ќе стартува на дербито против Сити“, вели Мурињо.

Португалскиот тренер потврди дека Шпанецот дефинитивно нема да игра против Болтон во Лига купот в среда. Истовремено не потврди нови повредени фудбалери.

ЌЕ ИГРА ЛИ ЛАМПАРД?

Френк Лампард на крајот на минатата сезона го напушти Челзи по долги години играње за овој клуб и на општо изненадување прифати да игра за Манчестер Сити до крајот на годината како позајмен пред да се пресели во Њујорк. Тоа ги налути навивачите на Челзи, кои го нарекоа предавник и кој од нивен миленик се претвори во непријател.

„Не е важно за кој тим игра сега. Мислам дека тој засекогаш ќе биде наш играч поради сé што направи за клубот. Според мене, тој е дел од историјата на овој клуб. Со нетрпение чекам да го видам иако ќе ми биде малку чудно што ќе треба да играм против него“, изјави Дидие Дрогба.

Лампард веќе дебитираше за Челзи и тоа против Арсенал пред една недела.

АГУЕРО ВО НАПАДОТ

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро се враќа во првиот тим на Манчестер Сити откако се рехабилитираше од повредата. Един Џеко не импресионираше на минатиот меч и против Баерн во Лигата на шампионите, па Пелегрини веројатно ќе се одлучи за многу побрзиот Агуеро во нападот. Истовремено Стеван Јоветиќ почна да тренира, но, веројатно, ќе остане на клупата заедно со Босанецот, додека единствен повреден фудбалер е новото засилување Фернандо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...