Повеќе од фудбалски дуел во Белград

Можеби не е најатрактивен дуел на спортsки план, но секако дека дешениот меч меѓу Србија и Албанија во Белград е во фокусот на вниманието. Србија за првпат како независна земја ќе игра дуел на сениорско ниво против Албанија и тоа во меч од квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016 година. Историскиот меч се игра на стадионот на Партизан. Албанија еднаш досега има гостувано во Белград, и тоа во далечната 1967 година кога во квалифiкациите за Европското првенство тогашната Југославија убедливо победи со 4:0. Домаќините се надеваат на повторување на тој резултат, додека гостите се уверени дека ќе покажат достојна игра.

МЕЃУЕТНИЧКА НЕТРПЕЛИВОСТ

Дуелот во Белград нема некое многу големо резултатско значење бидејќи уште се работи за рана фаза од квалификациите. Сепак, ривалитетот меѓу овие две земји е повеќе од спортски. Пред 15-тина години косовските Албанци се побунија во тогашната покраина и побараа формирање независна држава. Поддржани од Соединетите Аамериканси Држави, Албанците на Косово ја остварија својата желба. Косово се оддели од Србија и сега функционира како самостојна земја.

АЛБАНИЈА Е ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ДОСЕГА

Ако се гледа спортската историја, Србија е многу подобра селекција. Покрај тоа што ја има историјата од поранешна Југославија, Србија и како самостојна земја има учество на Светско првенство. За разлика од нив, Албанија никогаш досега не била дел од завршница на едно големо натпреварување. Сепак, фактот дека еврособирот во Франција за првпат ќе ги собере 24-те најдобри селекции, им даде дополнителен мотив на Албанците. Тие одлично стартуваа во квалификациите. На стартот го направија најголемото изненадување и минимално, со 1:0, победија на гости кај фаворизираната Португалија. И во второто коло Албанија беше на прагот на нов минимален триумф, но на крајот одигра 1:1 во дуелот со Данска, во Елбасан.

„Задоволен сум од тоа што досега моите играчи го покажаа на првите два меча. Игравме многу добро, а единствено сум разочаран што не ги освоивме трите бода против Данска. Мислам дека Србија го има тешнички најподготвениот тим во групата. Не сакам да коментирам предвреме, ќе видиме што ќе се случи на теренот во Белград“, рече албанскиот селектор, Џани де Бјази.

СРБИТЕ ЗАПОЧНАА КОНФУЗНО

Србија во првиот меч од квалификациите одиграа само нерешено на гостувањето кај Ерменија. Селекторот Дик Адвокат вели дека бодот освоен не е голем неуспех бидејќи се работело за тешко гостување и дека ни другите екипи нема да им биде лесно да слават во Ереван. Адвокат е во дилема дали да игра со еден или двајца класични навивачи. И претседателот на фудбалската федерација, Томислав Караџиќ, вели дека нема причина за загриженост.

„Доколку ја совладаме Албанија, ќе имаме четири бода. Кога сè ќе се собере, јас би бил задоволен доколку сите мечеви на домашен терен ги добиеме, а на гостувањата одиграме нерешено“, рече Караџиќ

Првиот човек на федерација додаде дека очекува на стадионот да има околу 25 илјади навивачи кои ќе ја бодрат домашната селекција. Албанија нема да има поддршка од своите навивачи бидејќи УЕФА забрани да има гостински навивачи на стадионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...