Балотели до Интернационалната вселенска станица

Балотели испрати две топки до „интернационалната вселенска станица“ беа дел од комичните наслови во англиските медиуми, а и социјални мрежи за двете промашувања на летното залисување на Ливерпул, Марио Балотели на натпреварот против КПР.

Балотели промаши одлична шанса за погодок најпрво во првото полувреме, кога од голема далечина ја шутна топката високо над противничкиот гол, и таа заврши во трибините кај публиката, додека пак второто промашување беше во второто полувреме и пред речиси празен гол.

По доаѓањето на Балотели во Ливерпул од Милан летово, постигна само 1 гол, а изминатиот викенд Ливерпул стигна до тешка победа благодарение на киксот од фудбалерот на КПР, Стивен Колкер кој со авто-гол во самиот финиш на натпреварот донесе 3 бода за гостите од Енфилд.

Во натпреварот со возбудлив финиш, и во кој сите 5 гола беа постигнати во второто полувреме, Ричард Дан со авто-гол му донесе водство на Ливерпул во 67-та минута, за Едуардо Варгас да израмни на 1-1 во 87-та. Фелипе Коутињо големи на 1-2, но Варгас со вториот гол на натпреварот израмни на 2-2. Авто-голот од Кулкер ги постави кончените 2-3 на натпреварот КПР- Ливерпул.

По победата во 8-то коло од Премиер лигата, Ливерпул се наоѓа на 5-та позиција со 13 бода.

Денес во последниот натпревар од 8-то коло играат Вест Бромвич Албион и Манчестер Јунајтед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...