Европската фудбалска куќа (УЕФА) за денеска ја одложи одлуката околу прекинатиот дуел меѓу Србија и Албанија во квалификациите за пласман на Европско првенство во Франција. Од централата на УЕФА во Нион најавиле дека им е потребен уште еден ден за да ги разгледаат сите пристигнати документи и докази, па да ја донесат конечната одлука.
Мечот што се играше на 14 октомври во Белград беше прекинат пред крајот на првото полувреме.