Оскар Муњоз, фудбалерот на УД Корнеља, успеа за момент да приреди вистинско изненадување на натпреварот против Реал Мадрид од шпанскиот Копа дел Реј.
Фудбалерот на Корнеља по професија е електричар и фудбалот му е повеќе хоби, но успеа да го израмни резултатот против Реал на 1-1.
10 минути претходно гостите од Мадрид преку Рафаел Варан успеаа да дојдат до рано водство на натпреварот, но израмнувањето од Муњоз беше вистински шок за Реал.
Сепак, Европскиот шампион успеа да слави по истекот на 90-те минути откако Варан, Хавиер Ернандез и Марсело придонесоа за конечниот резултат од 4-1 на натпреварот притив Корнеља.
Погледнете.