Екипата на Реал Сосиедад триумфираше на последниот натпревар од 11.коло во Примера и тоа над првакот Атлетико Мадрид со 2:1.
Гостите поведоа со 1:0 преку Марио Манџукиќ во 10 минута, а изедначи Карлос Вела пет минути подоцна. Конечните 2:1 во 82.минута ги постави Агирече.
На другите натпревари од оваа рунда одиграни вчера: Севиља – Леванте 1:1, Еспањол – Виљареал 1:1 и Валенсија – Атлетик Билбао 0:0.
Табела: Реал Мадрид 27 бодови, Барселона 25, Валенсија 24, Атлетико Мадрид 23, Севиља 23, Малага 21, Селта 20,...