Гвардиола ќе се врати како директор

Доколку на следните претседателски избори во Барселона, Жоан Лапорта успее да победи тогаш каталонскиот клуб ќе се врати на стилот на работа кој беше актуелен пред неколку години кога прво Франк Рајкард, а потоа и Пеп Гвардиола го водеа тимот од клупата.

Она што е интересно е дека Гвардиола одново ќе се најде во клубот. Меѓутоа, овој пат нема да ја има тренерската задача. За Гвардиола е предвидено местото на спортски директор, што би требало да биде чекор кон претседателската функција што би ја доби откако Лапорта ќе одработи уште еден мандат.

ЧАВИ ВО КОМБИНАЦИЈА ЗА ТРЕНЕР

Екипата на Барселона деновиве одново е во центарот на вниманието бидејќи има многу нешта кои се поврзани со клубот, а за кои се зборува. Меѓу многуте информации најинтересна е онаа која е поврзана со Чави. Тој е предвиден за наследник на Луис Енрике на клупата, а би ја преземал тренерската работа така што Барса би имала одличен двоец на позициите спортски директор-тренер.

Чави е играч кој целата своја кариера е во Барселона. Со неа ги помина сите убави моменти, а беше незаменлив дел од тимот кога Гвардиола беше тренер. Тој имаше можност да биде наследник на Гвардиола на теренот кога Пеп ја напушти Барса како играч, а со оглед на тоа дека имаше многу подобра кариера сите очекувања се да има уште подобра кариера и како тренер. Дали ќе одат така работите ќе покаже времето бидејќи за сето ова да се случи предусловот е Лапорта да се врати на претседателската позиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...