Милан и Челзи меѓу најборбените во Европа

Лидерот во англиската Премиер-лига, Челзи, и некогашниот европски гигант Милан се меѓу водечките екипи во Европа според бројот на стартови во просек по меч, покажа статистиката направена за екипите во најдобрите пет лиги.



Дуото од француското првенство, Мец и Ленс се лидери по бројот на стартови на еден натпревар во Европа. Играчите на овие екипи во просек прават по 83 стартови. Двете екипи се на дното од табелата во Франција и грчевито се борат за опстанок. За Мец и Ленс се наоѓаат Лион, Хофенхајм, Лориен, Емполи и Бастија, кои покажуваат дека цврсто се бранат. Сите пет екипи во просек имаат по 81 старт во дефанзивата. Во групата на екипи кои имаат барем по 80 старта на меч се наоѓаат Челзи, Милан и Тотенхем.

Во најдобрите пет лиги во Европа, приматот на тим со најмалку стартови на меч го држи шпанскиот Гетафе. Мадриѓани во просек прават по 70 старта. Од останатите лиги најнежни се екипите на ВБА и Барнли во Англија со по 72 старта во просек на меч, Лацио во Италија (73), Олимпик Марсеј во Франција (75) и Шалке во Германија со 75 старта по меч.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИТЕ НАЈМНОГУ ИГРААТ КАЈ „РОСОНЕРИТЕ“

Според играта, Милан е далеку од најдобрите не само во Европа туку и во Италија. Сепак, тимот има работи по кои е прв во Европа. Освен тоа што е меѓу најборбените екипи според направените стартови на една средба, „росонерите“ по друг статистички податок се убедливи лидери во Европа.



Ако се гледаат минутите кои ги имаат одиграно интернационалците во екипите, Милан најмногу простор им остава на оние странци кои барем еднаш имаат заиграно во репрезентативниот дрес. Истражувањето покажа дека странските репрезентативци во дресот на Милан сезонава одиграле 99,4 отсто од минутите. Тоа покажува дека ако си репрезентативец на некоја земја имаш загарантирано место на теренот во дресот на Милан. По тимот од „Сан Сиро“ следува екипата на Челзи. Тренерот Жозе Мурињо има голема доверба на интернационалните репрезентативци, па затоа тие на терен имаат поминато 98,2 отсто од времето. Очекувано во овој статистички податок следуваат и останатите европски гиганти. Борусија Дортмунд е на третото место со 98,1 отсто, Баерн Минхен (96,2), Јувентус (95,8), Реал Мадрид (95,5) и Рома со 95,1 отсто настап на интернационалните репрезентативци. Над 90 отсто на теренот поминуваат странските репрезентативци и во екипите на Манчестер С. (93,8), Барселона (93,6), Евертон (92,3), Ливерпул (91,1) и Манчестер Ј. (90,1 %).

Според лигите процентуално Премиер-лигата е убедливо на првото место. Странските репрезентативци во Англија во просек поминуваат 75,8 отсто од минутите на теренот. Бундеслигата е на второто место со 60,9 отсто, а потоа следат Серија А (59,2), Лига 1 (42,4) и Примера дивисион со 38 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...