Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид за противник во полу-финалето во ЛШ го доби тимот на Јувентус. Старата дама ќе биде домаќин на Јувентус Арената во Торино во првиот полу-финален натпревар, а реваншот ќе се одигра на Сантијаго Бернабе во Мадрид.
Во вториот дуел од денешната ждрпка во во Нион, Барселона ќе биде домаќин на Баерн Минхен на Ноу Камп во првиот натпревар, а реваншот ќе се одигра на Алијанц арената во Минхен.
Првите полуфинални средби се играат 5/6 мај, додека реваншите се на 12/13 мај. Финалето, пак, се игра на 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.