Лондонски Арсенал ќе направи обид да го привлече голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, по завршувањето на сезоната. Сè погласни се информациите дека мадридскиот клуб планира да го купи Давид де Геа од Манчестер Јунајтед и ако го направи тоа ќе го прекине договорот со Икер, кој истекува во јуни 2017 година со тоа што ќе му исплати отштета. Во таков случај Арсенал може да го привлече без пари. Пред неколку денови Касиљас, кој долги години е член на „кралевите“, призна дека може да си оди од „Сантијаго Бернабе“ затоа што во клубот се помалку веруваат во него.
Но, сите овие планови можат да не се остварат ако на Реал му забранат да купува и продава фудбалери до летото 2016 година.