По 100 милиони за трофеј

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, и при својот втор претстој на функцијата прв човек на „кралевите“ троши премногу, а и понатаму играчите за кои има дадено богатство не враќаат доволно на теренот бидејќи бројката на освоените титули е премала за да може да се оправдаат парите. Тоталното фијаско во оваа сезона во која беше загубена битката на трите полиња е причина и за сумирање на сето она што првиот човек на кралскиот клуб го сработи во 21. век за тимот.

Перез првпат беше на чело на Реал од 16 јули 2000 година до 27 февруари во 2006 година. Потоа имаше пауза од три години пред неговото ново враќање кое го имаше на 1 јуни во 2009 година.



Во двата мандати Перез потроши речиси 1,2 милијарди евра за транфери, а купи 51 играч во обидот да ги направи Галактикоси 1 и Галактикоси 2.

Иако се очекуваше и првиот и вториот тим да газат сè пред себе и да освојат сè што може да се освои, сепак, работите не одат како што Перез посакуваше бидејќи се освоени само 14 трофеи во период од 12 години, а тоа е дефинитивно премалку за тим каков што е Реал Мадрид.

Оттаму фактите говорат за она што Перез го има постигнато во Реал Мадрид на резултатски план.

СПОНЗОРСКИТЕ ДОГОВОРИ НАДОМЕСТУВААТ

Добрата вест во целата ситуација со Реал Мадрид е тоа што клубот има богати спонзорски договори. Покрај тоа клубот одлично работи и на имиџот со своите играчи, па се заработува многу и од продажбата на дресови. Големата посетеност на натпреварите исто така носи доста пари, па затоа оној минус којшто е направен со трансферите на играчите кои се платени и повеќе од што е потребно се надоместува со ова.

МИНУС ОД 650 МИЛИОНИ

Доколку при пресметките се вклучат само трансферите на фудбалерите тогаш Реал е во огромна загуба во 12-те години од владеењето на Флорентино Перез. Тој за вкупно 51 играч којшто е ангажиран во неговото време потроши точно 1.162.350.000 евра. Од друга страна продажбата не носеше некој голем плус бидејќи заработи само 514.400.000 евра од играчите кои го напуштаа Реал Мадрид.

Кога оваа сума ќе се одземе од онаа која е потрошена за купување ѕвезди во тимот се добива минус од 647.950.000 евра.

ЗА 12 ГОДИНИ 14 ТИТУЛИ

Перез е вкупно 12 години во редовите на Реал Мадрид, а доколку се согледа она што го има освоено тој и не може да се пофали со преголеми успеси. Дефинитивно она по што ќе биде запишан е дека под негово водство тимот дојде до јубилејната 10. круна во КЕШ/ЛШ така што тоа е и неговиот најголем успех.



Желбата за освојување на тројна круна пропадна така што во ниту една сезона не успеа да ги комплетира трофеите иако на клупата редовно имаше тренери кои имаат богато минато и одлична тренерска биографија.

ПО СЕДУМ ПЕХАРИ ВО ДВАТА МАНДАТИ

Кога ќе се сумира сето она што е освоено може да се забележи податок дека Перез има вкупно 14 титули со Реал, а тие се поделени по седум во двата мандати. Тој го заврши првиот мандат со две сезони без ниту еден пехар, а новиот го почна без трофеј во сезоната 2009/10.

Сепак, успеа да освои по три трофеи во Примера и Супер купот на Шпанија, а по два има во Копа дел Реј, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Супер купот на УЕФА.

МНОГУ ЅВЕЗДИ МАЛКУ РАДОСТ

Уште во првиот мандат желбата на Перез беше во тимот да ги има најдобрите фудбалери. Затоа не штедеше пари и купуваше играчи за кои некогаш даваше и многу повеќе од она што требаше.

Првото големо име кое беше ангажирано од Перез беше Луис Фиго кој беше донесен од Барселона. Потоа следуваа Зидан, Роналдо и Бекам во првиот мандат.

Во вториот тргна со Кристијано Роналдо, Кака, Бензема, Озил... за да продолжи со Модриќ, Бејл и Џејмс Родригез. Сите заедно вредат неверојатно многу. Кога ќе се сумира дека сезонава останаа без пехар сосема извесно е дека е време некој од оние што сè уште се во тимот да го плати данокот и да си замине.

Има многу најави дека Роналдо, Бензема, Бејл... ќе си заминат. Дефинитивно некој од нив наесен нема да игра во дресот на „кралевите“, но прашање е кој ќе биде тој што ќе си го спакува багажот и ќе мора да го напушти „Сантијаго Бернабе“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...