Мурињо: По Меси нема ништо да биде исто

Еден од најуспешните тренери на денешницата, Жозе Мурињо константно со години го негираше успехот и постигнувањата кои ги прави најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси. Мурињо три сезони беше тренер на Реал Мадрид и Меси му беше најголемата енигма на терените во Шпанија. И пред да дојде во Реал, а и потоа португалскиот стратег морал да прави тактики против Меси. Популарниот „специјален“ тренер речиси секогаш во своите изјави го оспоруваше тоа што го прави Меси. Мурињо сега е на чело на Челзи, а можеби првпат реши да признае дека Аргентинецот е феномен во фудбалот.



ФУДБАЛСКАТА КАРТА ЌЕ СЕ СМЕНИ ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ЛЕО

Според Мурињо, клучниот успех што Барселона во изминативе 10 години дури по четврти пат ќе игра во финалето од Лигата на шампионите е тоа што во тимот го имаат Меси. Каталонскиот гигант ги доби сите финалињата во 2006, 2009 и 2011 година, а сега Јувентус е последната пречка за повторно да биде на врвот на Европа. Португалецот смета дека фудбалската мапа ќе се смени кога Меси ќе си замине. Тогаш Барселона немало да биде доминантна на Стариот континент.

„За 10 години фудбалската карта на Европа ќе се промени. Тоа ќе биде така бидејќи Меси веќе нема да игра фудбал. Во последните неколку години Барселона освојуваше трофеи со Франк Рајкард на клупата, потоа дојде Пеп Гвардиола, а сега е Луис Енрике. Заедничко за овие тренери е што сите во својот состав го имаат Меси“, рече Мурињо.

Според Мурињо, доколку Меси дојде во кој било од англиските големи клубови, тие речиси сигурно ќе играат во финалето од Лигата на шампионите. „Едно е да имаш тим, а друго е да имаш тим со Меси во екипата. Тој со Гвардиола освојуваше титули во ЛШ, а сега е на пат тоа да го направи и со Енрике. Ако Меси игра во друг тим, сигурен сум дека и тој клуб ќе игра во финалето на ЛШ. Ако Меси игра во Сити, Челзи, Арсенал или Јунајтед, многу веројатно е тие да ја освојат и Лигата на шампиони. Кога ќе правите анализа на еден тим, немојте да заборавите дека тоа момче ја прави разликата на теренот“, додаде стратегот.

 

РЕТКО КОГА УСПЕВАШЕ ДА ГО СОПРЕ

Мурињо откри дека со часови анализирал и смислувал тактики како да го сопре Аргентинецот. Тоа еднаш му успеа во Примера кога Реал стана првак, а и како тренер на Интер ја елиминираше Барселона во Лигата на шампионите во 2010 година.

„Секојпат кога сум Меси ми бил ривал на теренот, сум поминувал со часови за да анализирам како да го сопрам. Понекогаш сум успевал, понекогаш не. Со Интер му успеа во 2010 година и тоа во двата полуфинални дуела“, открива Мурињо, кој додаде дека не очекува Барселона да го продаде никогаш. „Милсам дека Меси никогаш нема да си замине од Барселона. Толку моќен тим нема да дозволи да загуби таков играч. Во фудбалот не е можно, но мислам дека меси никогаш нема да си замине од Барселона“, заврши Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...