Може ли да се „роди“ нова АБА лига?

Дали на повидок е „затворање“ на старата и добро позната, а сега „непризната“ од страна на светската кошаркарска федерација АБА лига?

Прашање на кое веројатно треба да се најде и конечен одговор во овие жешки летни денови, кои и ја окупираа европската јавност, особено онаа од просторите на екс Југославија, во кои функционираше ова регионално натпреварување.

А заклучокот кој се изведува по најавите од федерациите кои „гравитираат“, кои работат на ова подрачје, дадени во последно време, дефинитивно насочуваат дека деновите на оваа лига полека но сигурно се одбројани.



За жал, или за радост на многумина кои низ овие повеќе од една деценија време се “дружеа“ во еден ваков состав, останува да се почека. Веројатно првото „време на поминување“ ќе биде она на 18 јуни, односно рокот кој водството на ФИБА го определи како рок во кој заинтересираните клубови, односно федерации и писмено треба да одговорат на прашањето

дали се подготвени да се откажат од учество во лигата на Јадранот, да ги прифатат условите на ФИБА, која би формирала ново натпреварување во кое нема да има место за приватни лица или сопственост.

Вакви назнаки се добиваат и за последните превирања во самите федерации. Особено оние кои до пред некое време беа заколнати противници за какви било промени во структурата и пред сè работењето на АБА Јадранската лига.

Дури и таква ситуација во која на пример, федерацијата која дава свои приватни основачи, како хрватската, со едностран акт им нареди на клубовите кои се дел од оваа лига да се откажат од понатамошно учество, и да ги почитуваат правилата на ФИБА, што не беше случај пред еден месец, кога мнозинството клубови (дури 11) ѝ дадоа целосна поддршка на АБА.

Но, доколку дојде до некој „новитет“, односно АБА лигата биде заменета со некоја друга, тогаш на површината се појавуваат нови, исто така важни моменти, секако со прашална форма.

Пред сè дали е можно во така краток временски рок, не повеќе од три седмици, да се организира некоја нова лига?

Потоа, кој ќе ја води истата, каде ќе биде нејзиниот центар за управување? Кој ќе го води маркетингот преку кој истата таа лига би функционирала?

Како и оние многу поважните, дали „физичките лица“ кои сега ја раководат лигата се подготвени да се откажат од своите акции кои ги имаат во компанијата „Сидро“, која ја раководеше лигата досега. Макар и под други услови кои треба(ше) да бидат променети во изминативе месец дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...