Сакав да бидам блиску до дома

Перо Антиќ по вторпат во кариерата ќе игра за клуб кој нема црвена боја на дресот. Неговиот нов избор е Фенербахче Улкер, богатиот истанбулски тим кој е гладен за успеси на европска сцена, па собира тренери и играчи кои ја освојувале Евролигата, со надеж дека искуството ќе го применат и тимот ќе ги оправда огромните суми пари кои се вложени во него. Антиќ ќе носи сино-жолт дрес и ја прекина децениската традиција да игра за клубови со црвени дресови. Тој кариерата ја почна како младинец во Работнички, а интернационалната кариера ја стартуваше во атински АЕК, каде имаше жолто-црн дрес. Од заминувањето од АЕК до трансферот во Фенербахче секаде каде што играше имаа црвени дресови. Така беше во Црвена Звезда, Лукоил Академик, Локомотив Кубан, Спартак Санкт Петербург, Олимпијакос и Атланта. Во Хоукс едната од двете гостински варијанти беа црвени дресови.



Желбата да биде поблиску до семејството пресудила тој да реши да се врати во Европа, и да ја прифати понудата на Фенербахче Улкер. Во изјава за „Атланта Журнал“, Перо објаснува зошто ја напушта НБА и се враќа на Стариот континент.

„Играњето во НБА секогаш беше моја животна желба и горд сум што бев во можност да ја претставувам Македонија. Бев прв кошаркар од мојата прекрасна земја, а се надевам дека ќе ме следат многу мои сонародници кои во иднина ќе играат во оваа лига. Беше екстремно тешка одлуката да ја напуштам Атланта и тоа од повеќе причини. Моите соиграчи и јас бевме во можност да оствариме некои навистина големи работи во минатите две сезони, па формиравме блиско братство надвор од теренот. Тие засекогаш ќе бидат мои пријатели.

Сите што ме познаваат знаат колку ми е важно семејството, па можноста да бидам поблиску до моите најблиски беше факторот што пресуди. Сакам да му се заблагодарам на тренерот Бад, на целокупниот стручен штаб, на тренерите, на асистентите задолжени за опремата и на целата организација на Атланта Хоукс за тоа како бев дочекан во клубот. И најважно, сакам да му се заблагодарам на градот Атланта и на сите навивачи за нивната поддршка“ - изјави Антиќ.

Веста за заминувањето на Антиќ е лоша вест и за нашинците во Северна Америка кои го бодреа секаде каде што играше, па сега останува да се почека во иднина некој друг Македонец да ги следи чекорите на Перо и да заигра во најсилната лига на светот.

Се шпекулираше дека Антиќ би можел да потпише и за амбициозната и негова омилена Црвена Звезда, каде би бил уште поблиску до семејството, но одлуката е трансфер во Истанбул, со што покажува дека не размислува за ставање крај на кариерата.

Претставувањето до крајот на неделава?

Перо завчера стана член на Фенербахче Улкер, а неговото официјално промовирање како нов играч на истанбулскиот клуб би можело да се случи до крајот на неделава. Денеска е претставувањето на Гркот Костас Слукас, кој потпиша за Фенер само еден ден пред Антиќ. Ако се следи овој пример, Перо би можел веќе утре пред претставниците на медиумите да се појави во дрес на Фенербахче и да даде изјава како играч на турскиот тим.



Петмина нашинци играле за Фенер или Улкер

Антиќ е третиот кошаркар со македонски пасош кој играл за Фенербахче Улкер. Негови претходници натурализираните Македонци Лестер Мек Кејлеб и Маркиз Грин. Претходно, за екипата на Улкерспор пред спојувањето на овој клуб со славниот Фенербахче, имаат настапувано легендите Петар Наумоски и Врбица Стефанов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...