ЛЕГЕНДАРНИОТ ПЛЕЈМЕЈКЕР, НАЈВЕРОЈАТНО, ВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНА ПЕНЗИЈА

Емотивен крај: Солзите на Илиевски најавија негово повлекување

Капитенот Владо Илиевски вчера го одигра својот последен натпревар во репрезентативната кариера.

Тој последен го напушти теренот по поразот од Словенија и со солзи во очите се упати кон соблекувалната. Доволен сигнал дека ова му беше негов последен меч за Македонија. По четири одиграни европски првенства, 35-годишниот Илиевски речиси сигурно става крај на настапите во дресот со националниот грб. Нему поразот од Словенија (земја во која мина голем дел од кариерата, а има и словенечко државјанство и сопруга Словенка) му падна најтешко бидејќи знаеше оти веќе никогаш нема да го носи црвено-жолтиот дрес на официјални настани.

За дуелот со Словенците, Илиевски вели дека загубиле од поквалитетен ривал, а шансата за осминафинале била испуштена завчера против Грузија.

„Словенците беа подобри, водеа во текот на целиот натпревар и заслужено победија. Ние се обидовме да се вратиме, но не успеавме. Овој пат беше поразлично, во мечот влеговме помотивирано отколку со Грузија. Се покажа дека клучен е поразот од Грузија, кога таа шанса ја испуштивме, потоа беше потешко. Словенија е тим кој е посилен од нашиот и од грузискиот. Би им честитал на соиграчите и стручниот штаб. Најверојатно ова беше мој последен меч за Македонија. Со 99 отсто веројатно можам да кажам дека се повлекувам“ - рече Илиевски, кој при влегувањето во салата за прес-конференции доби аплауз од македонските, но и други новинари кои го ценат тоа што тој го направи во кариерата.

Кога ќе погледне наназад, Илиевски има четири европски првенства, а сега беше и во улога на капитен.

„Со репрезентацијата имав и незаборавни добри и лоши моменти. Горд сум што бев капитен и лидер на оваа екипа. Македонија заслужи да биде учесник на Евробаскетот, се надевам дека и во иднина ќе го продолжи континуитетот на настапи на ЕП. Горд сум и на сите години поминати во репрезентацијата, така стекнав многу пријателства со луѓе кои ќе ми бидат пријатели до крајот на животот“ - додаде Илиевски, кој во 2011 ја замолкна публиката во Литванија и со историската тројка на Македонија и донесе полуфинале на ЕП, успех за каков веројатно уште долго ќе се чека.

Што се однесува до ова првенство кое Македонија го заврши по само пет одиграни мечеви, Илиевски смета дека тимот играл добро на четири, а само со Грузија не бил на потребното ниво.

„Без разлика што не ја минавме групата и не ја исполнивме желбата да се најдеме во осминафиналето, мислам дека оставивме добар впечаток. Игравме добро на сите натпревари освен со Грузија. За жал, токму таа средба се покажа решавачка. Баш тогаш не покажавме ништо, а на другите мечеви бевме мотивирани и желни за надигрување. Малку ни фалеше да освоиме едно од првите четири места. Сите жалиме за испуштената шанса, не ни е лесно во моментиве. Јас сакав да играм на овој Евробаскет бидејќи чувствував дека имаат потреба од мене. Се трудев максимално и затоа голема е тагата по овие порази. Покажавме дека можеме со секого да се носиме рамноправно, но киксиравме со Грузија и тоа беше кобно“ - заврши Илиевски со мини-анализата на својата и играта на целиот македонски тим.



Владо е пример за другите

Селекторот Марјан Србиноски не ја испушти шансата да го пофали Илиевски за професионализмот и играта кои ги покажа во Загреб.

„Тој покажа како треба да се однесува еден лидер на тим. Со борбеноста и игрите, претставува пример за помладите кои треба да го наследат во иднина. Ако сите играат за репрезентацијата Македонија со срце и жар како што играше Илиевски, можеме да се надеваме на убави моменти во иднина“ - рече Србиноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...