Голден Стејт се запиша во историјата на НБА

Голден Стејт е првиот тим што остварил 16 победи во низа од почетокот на една сезона и со тоа стана нов рекордер во оваа категорија во најсилната светска кошаркарска лига – НБА.

Досега рекордот по стартни победи во една сезона го држеа Вашингтон (сезона 1948/49) и Хјустон (1993/94) со 15 успешни настапи.

До 16-тата победа актуелниот шампион стигна ноќеска на свој терен против ЛА Лејкерес на убедлив начин со 111:77.

Најдобар играч во победничкиот состав беше Стеф Кари со 24 поени и девет асистенции.

Резултати на натпреварите одиграни ноќта вторник кон среда:

Вашингтон – Индијана 106:123,

Атланта – Бостон 121:97,

Мемфис – Далас 110:96,

Денвер – ЛА Клиперс 94:111,

Портланд – Чикаго 88:93 и

Голден Стејт - ЛА Лејкерс 111:77.

Пласман Источна конференција: Кливленд 11-3 (победи-порази), Мајами 9-4, Чикаго 9-4, Индијана 9-5, Атланта 10-6, Торонто 9-6, Шарлот 8-6, Вашингтон 6-5,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 16-0 (победи-порази), Сан Антонио 11-3, Оклахома Сити 9-6, Далас 9-6, Мемфис 8-7, Феникс 7-7, ЛА Клиперс 7-7, Јута 6-7,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...