Да победиме барем една екипа од четворката на врвот

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Александар Јончевски, во пресрет на вечерашниот дуел од АБА лигата со лидерот Будуќност најавува борбена игра и обид да се извојува првата победа оваа сезона против екипа која ќе разигрува за трофејот.



- Будуќност е последната екипа од големата четворка која оваа сезона гостува во Скопје. Во натпреварите против останатите тимови од таа голема четворка не успеавме да оствариме ниеден триумф, па ова е наша последна шанса да победиме барем еден учесник од овогодинешниот плејоф. Без разлика што се работи за лидерот на табелата, кој игра одлично со врзани 13 победи во серија, а меѓу нив и триумфи над Црвена звезда и Цедевита, ние ќе го дадеме својот максимум и ќе се бориме за секоја топка во текот на целиот натпревар, се со цел да оствариме победа, а со тоа и да го потврдиме опстанокот во АБА лигата, изјави Јончевски за клупската веб страна.

И крилниот центар Данило Мијатовиќ посакува изненадување и два бода против фаворизираниот црногорски состав.

- Не очекува екипата на Будуќност која е првопласирана на табелата и која покажа константност од самиот почеток на сезоната. Со промената на тренерот продолжија да играат добро, па дури и го подигнаа нивото на играта. Мораме да посветиме внимание на нивните високи играчи, посебно на Тадија Драгичевиќ кој игра фантастично цела сезона, а исто така ќе пробаме да го сопреме еден од најдобрите плејмејкери во лигата Омар Кук. Со нашата борбеност која мора да биде на највисоко можно ниво, можеме да се надеваме на позитивен резултат и на големо изненадување, истакнува Мијатовиќ.



Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Будуќност од 23.коло на регионалната кошаркарска АБА лига ќе се игра вечер од 21 часот во СЦ „Јане Сандански“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...