МЗТ Скопје го прослави купот и се префрла на јадранскиот колосек

МЗТ Скопје мора да го совлада словенечки Тајфун доколку сака последното 26. коло од АБА лигата да го дочека со обезбеден опстанок во ова друштво.

Можеби, во некои други комбинации дури и пораз од најдобриот словенечки тим во изминатата сезона ќе ги остави „металците“ и понатаму во јадранската конкуренција.

Но, јасно е, „сино-белите“ од Аеродром не сакаат ништо да препуштаат на случајноста. Сакаат победа, а за да дојдат до неа, бараат подршка и од публиката.

Раководството на МЗТ Скопје верува дека со голема помош од трибините ќе дојде до двата бода со кои би се заверила опстанокот во лигата која следната сезона ќе доживее битни промени, пред се во изгледот (односно намалување на бројот на учесници).

Според информациите од „Јане Сандански“, влезот за овој меч ќе биде бесплатен, а во соопштението на новиот освојувач на Купот на Македонија се вели:

„Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром Ве известува дека за престојниот меч од АБА лигата против тимот на Тајфун, влезот ќе биде бесплатен за сите љубители на кошарката. Последниот натпревар од АБА лигата на домашен терен оваа сезона кој е од голема важност за КК МЗТ Скопје ќе се одигра во петок (26.02.2016) во СЦ Јане Сандански со почеток од 20.00 часот“.



Само има и друга работа, колку овој повик, апел ќе биде и прифатен од страна на публиката, не само онаа од населбата „Јане Сандански“ и од Аеродром, се разбра.

Ако се земат в предвид искуствата од последниве две сезони, односно бојкотот на „Фемили Аеродром“која трае од поодамна, а многу веројатно дека ќе биде „на сила“ и за овој последен меч на МЗТ Скопје во „Јане Сандански“, барем кога станува збор за оваа натпреварувачка сезона во АБА лигата, тешко дека може да се очекува едне полн „Јане Сандански“.

Сезона во која „сино-белите“ самите се ставија во ситуација овие 40. минути против Тајфун да бидат оние од типот “ да се биде или не“. Затоа што пропуштија неколку прилики, иако некои од нив беа и поради некои неправедни судиски одлуки, навреме да си го решат својот статус во ова издание на АБА лигата кое се покажа како најизедначено.

Она во кое, на пример, екипите од петтата па се до 14. позиција се на “разлика“ од само еден или два бода.

А што вели актуелниот момент на две кола пред крајот на регуларниот дел од АБА лигата?

По 24. одиграни кола, МЗТ Скопје има ефект од 9. победи и 15. порази, кои ги поставуваат на делба на деветтата позиција на табелата, заедно со екипите на Игокеа, Крка, и Металац.

Сите тие имаат една победа плус во однос на Сутјеска (8-16), и две пред тимот на Тајфун (7-17).



Што би значел евентуален пораз на МЗТ Скопје од Тајфун?

Тогаш пред финалното коло, словенечкиот состав би имал (2-0) во меѓусебните дуели против МЗТ Скопје, и меч на домашен терен, против екипата на Игокеа. За разлика од нив, македонскиот првак оди за Загреб, на гостување кај Цедевита, која пак брка втора позиција пред плеј-офот (носи предност на домашен терен во полуфиналето против Црвена Звезда).

А вториот кандидат за испаѓање, екипата на Сутјеска, во ова 25. коло ќе ја дочека осигурената Будуќност. Во случај на победа, тоа ќе биде деветта за тимот од Никшиќ, кој пак на разделбата од регуларниот дел патува за Задар, кој исто така веќе ги „преживеа“ овие моменти од битката за опстанок.

Теоретски, со две победи во последните два круга, Сутјеска би завршила со ефект (10-16).

Секако, момците на Александар Јончевски можат да обезбедат опстанок дури и да ги загубат двата преостанати натпревари, а поради подобриот скор во меѓусебните средби со конкуренцијата, би биле над онаа „црвена граница“, или позициите број 13. и 14.

Или оние кои според новите „закони“ на новото раководство на АБА лигата ќе го загубат „јадранскиот статус“, односно ќесе збогуваат со можноста да бидат дел од ова натпреварување и во сезоната 2016/2017, кога истото ќе брои само 12. клубови-учесници.

Во случајот на МЗТ Скопје, дури и да обезбеди пласман преку освојување на националниот шампионат.

Секако, со друг предуслов, тоа не значи дека нивните матични федерации ќе загубат некое од предвидените места во регионалниот шампионат во кој според новата формула ќе има по три клубови од Србија, Хрватска, по два од Црна Гора и Словенија, и по еден од БиХ, и секако, Македонија.

На крајот, сето ова и дефинитвно нема да важи доколку МЗТ Скопје во петок навечер, едноставно, го совлада Тајфун



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...