Стеф Кари продолжува да руши рекорди

Минатата ноќ во кошаркарската НБА лига повторно мина во знак на најдобриот играч на шампионот Голден Стејт, незадржливиот Стеф Кари.

Кари во победата на „Воините“ над Орландо со 130-114 партиципираше со 51 постигнат поен. Притоа тој реализира дури 20 од 27 шутеви од игра, со што го собори рекордот на Кајл Корвер од Атланта. Кари шутираше неверојатно особено во обидите за три поени, па од 15-те упатени шута за „тројка„ погоди дури десет. За Голден Стејт тоа беше 52-та победа сезонава.



Од останатите натпревари се издвоија и настапите на, Џејмс Харден кој постигна 46 поени за Хјустон во победата над Портланд со 119-105, како и Расел Вестбрук чии 44 поени не и помогнаа на екипата на Оклахома Сити да избегне пораз од Њу Орлеанс со 123-119.

На останатите три натпревари, победа пред својата публика забележа Бостон против Милвоки со 112-107, додека гостински триумфи славеа Сан Антонио над Јута 96-78 и Бруклин кој со 116-106 го победи Феникс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...